Ниедни раце нема подобро да ги избришат твоите солзи од сопствените

Беше полноќ, можеби и подоцна, не се сеќавам точно. Имав запалено оган близу брегот на тајно приватно место каде што можев да бидам сам.

koga-ke-se-davis-vo-taga-zapomni-deka-nikoj-nemoze-podobro-od-ti-samiot-001.jpg

Имав цело шише виски и пиев ненаситно. Имав солзи во очите, плачев, ни сам не можев да кажам зошто. Едноставно доаѓаше од мене, како да беше некое сценарио, како сè да беше местенка, како животот да беше филм. Посакував да беше, барем ќе знаев дека има среќен крај, вака сè беше некако неизвесно.

Го кревав шишето како што бебе се крева кога е неизмерно гладно. Мислев дека тоа е лекот, пробував да убијам сè што не сакав да биде таму. Во далечината немаше светло, немаше никој, како и во животот. Секогаш кога ќе требаше да го потпрам рамото некаде, немаше никој, а во меѓувреме сите имаа насмевка и слободно време за сите глупости.

Се прашував дали некој се чувствува на ист начин. Близок со сите, а сепак далечен, чуден на свој сопствен начин, прифатен, а сепак отфрлен. Дали јас не знаев да ја следам патеката која останатите ја имаа прифатено или едноставно имав други замисли до кои се стигнуваше по друга патека?

Таа вечер немаше ниту месечина и таа се погрижила да не ја наруши мојата приватност, за да бидам сосем сам со огнот кој гореше до езерото. Си велев луѓето се изопачени, лицемерни, луѓето не знаат да ценат нечија доверба, нечија љубов. Луѓето сакаат да искористуваат, луѓето сакаат да доминираат по секоја цена. Каде исчезна сè она што беше свето или едноставно сите беа навлечени на грев?

Повторно се изгубив себеси, се потсетив на еден разговор на две девојки кои одеа пред мене на патот до моето опивање. Зборуваа дека најстрашно во животот е да не можеш да си најдеш соодветен фустан за саботното излегување. Јас си помислив во главата, најлошо е да останеш на улица. Најлошо е никој да не знае како е да се движи во твоите чевли, кога немаш каде да одиш, ниту кому да се обратиш.

Кога светлината на уличните светилки е сонцето кое те огрева и топлиот пријатен ветер е најудобната прекривка која можеш да ја имаш.  Најлошо нешто беше да живееш без љубов, без знаењето дека си бил сакан или фактот дека никогаш нема да бидеш сакан. Имаше многу работи во животот кои беа полоши, но луѓето ги земаа здраво за готово имајќи ја среќата да бидат родени во опкружување кое ќе им ги даде сите можности.

Тоа го сфатив одамна, дека сите ние сме научени да плачеме за сите ситници кои се неважни. Новиот автомобил, реновираниот стан, фармерките, блузата, саботните излегувања, храната која е на масата. Пребиравме, одбиравме, како мрсулковци кои се научени да негодуваат. Но, светот беше многу посуров од брокулата за ручек. Надвор умираа луѓе за основни намирници, додека двете девојки мислеа дека фустанот кој го немаат е најлошото нешто. Ги жалев, се жалев и себеси со алкохолот во раце.

Барав некој глас во сопствената глава, некој повик од езерото кој ќе ми каже дека нештата би можеле да се променат. Некој знак дека целата таа тага, целиот тој свет на темнина ќе исчезне штом ќе излезе сонцето. Паѓав во песокот, блиску до топлината на огнот, барем тој беше нешто светло во целата таа темнина. Тогаш сфатив дека работите кои сам ги создаваш ќе бидат онаа светлина која ќе ти е потребна во животот. Патот кој сам ќе го поплочиш e патот кој треба да го следиш.

Никој не може да се погрижи да стигнеш до својата цел подобро од ти самиот, никој нема да се грижи ти да бидеш среќен освен ти самиот. Ниедни раце нема да ги избришат твоите солзи од сопствените.

Во таа борба мора да научиш да се бориш сам. Со секоја клетка, со секоја сила во твоето тело. За да создадеш еден модел кој ќе биде уникатен и другите ќе сакаат да го гледаат и следат.  И ќе доаѓаат тешки мигови, каде ќе мислиш дека се е залудно, но ако си се скројал доволно добро, сето тоа брзо поминува.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
Емотивно писмо до сите што ги загубиле родителите: „Зборувајте за оние што заминале, така тие ќе жив... Во првите денови по загубата, се чини дека солзите никогаш нема да преисушат, а ...
„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg