Кратка мудра приказна: Зошто треба да поставувате прашања?
Силен змеј се движел низ неговата шума на еден прекрасен сончев ден. Одеднаш сретнал волк...
- „Еј, дојди тука, мој голем сив пријателе! Правам забава вечерва и ќе те ставам на листата. Гледаш? (почнал да запишува). Ќе те чекам бидејќи ти ќе бидеш моето главно јадење. Сфаќаш?“
- „Да“ - одговорил волкот.
- „Имаш некакви прашања?“ - прашал змејот.
- „Не, господине“ - одговорил волкот.
- „Добар волк, се гледаме вечер“ - изјавил змејот.
Змејот продолжил да се движи низ шумата и сретнал лисица.
- „Што правиш итра лисицо? Вечер правам мала забава. Треба да дојдеш. Тебе ќе те послужам како предјадење. Ме разбра?“ - прашал змејот.
- „Да, разбрав“ - изјавила лисицата.
- „Имаш некакви прашања?“ - прашал змејот.
- „Не, сè ми е јасно“ - одговорила лисицата.
На крајот, змејот сретнал едно зајче.
- „Еј, слатко зајче, одамна не сум те видел! Вечер правам забава и сакам да дојдеш. Мислам дека ќе те јадам за десерт. Ме слушна?“ - прашал змејот.
- „Да, те слушнав“ - одговорил зајакот.
- „Имаш некакви прашања?“
- „Да, само едно.“ - одговорил зајакот.
- „Слободно прашај“ - рекол змејот.
- „Може другпат да присуствувам на твоја забава? Имам планови за вечер.“ - прашал зајакот.
- „Секако пријателче, нема проблем. Само да те избришам од листата“ - рекол змејот.
Н. Г. | Црнобело