Единствениот цитат кој ви е потребен кога се чувствувате како да не сте доволно добри
Кога се чувствуваме изгубени и без никаква насока, како без дирекции да плутаме сред океан на збунетост, најважните работи остануваат, а сè друго полека тоне и оди во заборав.
Стигаме до еден момент на најголема темнина кога единствениот сноп светлина кој можеме да го забележиме е само оној од најважните работи кои ги поседуваме во животот.
Но, оваа перспектива може многу брзо да се промени. Барем тоа се случи кај мене.
Можеби затоа што гледам кон промени кои ме заплашуваат, затоа што иднината е непозната и не знам како ќе изгледа.
Понекогаш добивам напади на паника, а оваа недела ми се случи еден од најсилните.
Останав неподвижна и со солзи во очите. Едноставно не престануваа да се леат на моите образи.
Промените понекогаш можат да го извадат најлошото, во сите нас...
Прочитав еден цитат кој се погоди како вистински лек за моите рани, тогаш кога се чувствував најнеудобно во сопствената кожа, како да не сум доволна за никого.
Неколкупати претходно имав налетано на овој цитат, но некако токму тоа утро како да го разбрав.
„Животот содржи потенцијално значење во сите услови, дури и оние најмизерните... На некој начин, страдањето престанува да биде страдање во моментот кога ќе го пронајдете значењето.
Она што му е потребно на човекот не е ослободување од тензијата по секоја цена, туку повик за откривање на потенцијалното значење кое чека да биде исполнето“ - Виктор Франкл
Очите како да слетаа директно на овој цитат кој успеа да ми го одземе здивот. Токму тоа ми беше потребно да го слушнам во тој момент.
Тоа беше нежен поздрав со главата, благо климнување.
Оние кои знаат какво е чувството да како да не си доволен, оние кои знаат дека треба да направат нешто повеќе, треба само да го издржат карпестиот пат од точка А до точка Б.
Сите ние страдаме во одреден период од животот.
Никој не може да каже дека празнината е лесна за работа и надминување, но важно е да знаеме дека постои смисла во сите празнини и целото страдање кое доаѓа со нив.
Потребно е само да се потпреме на поуките на нашите емоции.
Н. Г. | Црнобело