Запри ги твоите солзи, ќе го чувствуваш моето присуство секогаш кога ќе ти биде потребно
Зошто кога мислев дека личностите кои ја полнеа мојата душа со најсветлите работи на овој свет ќе останат засекогаш тие некако ненамерно, повредувајќи ме заминуваа без да го кажат последниот збор.
Тоа беше едно несакано повторување кое се случуваше одново и одново.
Секогаш потоа следуваше солза или две, една непрестајна болка во мојата душа за која немав начин да ја контролирам.
Болка која не знаев да ја опишам, болка која растргнуваше сè она што бев јас.
Неопишлива болка.
Кога ќе помислев на сите нив, нивните зборови, насмевки, сите лични предмети кои остануваа, работите кои постојано ги правеа.
Зошто животот си поигруваше на тој начин?
Бев облечен во црно, сакав да заврши таа цела церемонија на испраќање, бидејќи тој беше облечен во својата војничка опрема додека го носеа кон вечното почивалиште.
Облека која тој толку ја сакаше, облека која порано го правеше многу силен, сега го правеше да изгледа немоќен, а тоа беше премногу за мене.
Додека го одев чекор по чекор, носејќи го неговиот ковчег на рацете, јас само се потсеќав на деновите во кои тој го направи мојот живот совршен.
Нишалката во дворот, изделканиот меч од дрво, сите тие приказни песни и поучни раскази, целата негова магија која беше врежана во моето детство.
Како можев да ги запрам солзите?
Знам дека животот има сопствен тек, почеток и крај, колку и да звучи сурово, без наша желба, така е.
Се раѓаш за да бидеш среќен и кога ќе ја најдеш среќата тогаш некако сѐ завршува.
Бев отсутен, како и сите присутни, живеев се да заврши за да се соберам и да сфатам што се случува. Сите велеа дека е нормално, сите зборуваа за неговиот долг и исполнет живот. Посакуваа и тие толку да доживеат.
Но, тие ме разбираа дека јас го сакав него тука, на мојата дипломска, на мојата свадба и кршетвката на моите деца, не можев да им објаснам дека сакав да го завршиме животот заедно, онака како што го почнавме.
Сакав и оние кои не ги запознал да ја добијат магијата која тој ја поседуваше, бидејќи тој беше повеќе од фигура, тој беше учител за сè во животот, како ли ќе го живеам сега без него?
Во целата таа меланхолија на една од најодвратните церемонии на општеството, јас имав очи полни солзи. Солзи кои не запираа, другите беа исплашени дека ќе колабирам.
А јас, само го чувствував неговото отсуство. Се потсетував на последниот наш разговор, кој правеше дополнително да се изгубам.
Како и секогаш, мудро ми се обрати кажувајќи ништо различно од вистината.
„Внучко мој, ова е раскрсницата на која јас ќе мора да го напуштам нашето заедничко патување. Мислам дека ти одржав доволно часови и доста време помина во мое присуство за да можеш да продолжиш да возиш понатаму.
Запомн,и животот е едноставен како и контролите на автомобилот, понекогаш ќе забрзаш, понекогаш ќе забавиш, а сето тоа ќе го правиш со малку разум и срце, контролирано за да не излезат работите од контрола.
Запомни дека што и да се твоите замисли, тие можат да бидат реалност, не го запирај твоето патување, сè додека не остариш вака како мене.
Јас верувам во тебе, сакам и ти да веруваш.
Немој да тагуваш за мене, јас ќе бидам таму и ќе те гледам од горе. Ќе те чувам на начинот на кој те чував досега и ќе го чувствуваш моето присуство кога тоа ќе ти биде потребно... “.
Тогаш го гушнав за последен пат, последен пат кога ја рашири својата магија врз мене и направи да ми застане биењето на срцето.
Оној пат кога знаев дека ќе го изгубам, а немав што да направам, суров е животот нели?
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Н. Буџак | Црнобело