Како да се изборам со стравот?

Во себе чуваме енергија која мора да биде разумно искористена. Колку и да сме заробени во нашите сомнежи и не сакаме да ја пречекориме нашата сигурна зона, ние едноставно треба да сфатиме дека треба да создадеме експлозија која светот ќе ја почувствува.

kako-da-se-izboram-so-stravot-01

За да настане тој момент треба да ги отфрлиме сите несигурности и да ги заборавиме сите стравови, треба да опстане само вербата дека ќе се успее, колку и да изгледа невозможно.

Седев во дневната соба разгледувајќи нешто за утрешната презентација на работа, бев стуткан на фотелјата во една удобна поза и гризев јаболко, додека зјапав во компјутерот како да бев маѓепсан.

Од другата страна седеше мојот син и воздивнуваше, едно тешко воздивнување, ќе си помислиш влегол во безизлез и нема назад. Ми стана поинтересен од она што го пишуваше во компјутерот.

„Како овојпат светот падна на твоите рамена” - го запрашав заинтересирано мојот збунет син.

„Се, сеќаваш ли на натпреварот по гитара за кој ти ме пријави, а јас се двоумев? Утре е, се плашам од исходот. Страв ми е!“ - одговори тој со уште поголема доза на паника и страв.

„Па, тоа ли било, јас мислев некоја девојка ти го скршила срцето, се загрижив дека мојот син ја пробал невкусната страна на љубовта. Ако е за натпреварот, па тоа лесно се средува, зошто толку си се загрижил?

Ќе ти раскажам нешто што треба секогаш да го применуваш, нешто што твојот дедо ми го раскажа пред многу години, кога бев на твоја возраст. Стравот е само измислена состојба која постои во твојата глава, ти дозволуваш тој да владее со тебе или едноставно го победуваш за ти да владееш со него.

Можеби изгледа непобедлив и засега ти е невозможен противник, но како што ќе растеш и ќе ја откриваш својата сила ќе сфатиш дека многу одамна си можел да го победиш. Ти го кажувам ова за да станеш свесен за силата која ти ја поседуваш, за способноста и самодовербата која мора да ја градиш, на тој начин што ќе го заборавиш и отфрлиш стравот.

Зошто страв, што е најолошото што може да се случи?

Да загубиш? Па колкумина загубиле, па потоа повторно победиле, нема причина за тоа чувство кое се јавува кај секој од нас. Нема да негирам, до ден денес и јас се плашам за некои работи, но научив да се борам против нив, со зборови кои ми ги кажа твојот дедо.

Секогаш кога ќе почувствуваш дека мрачни мисли го заземаат твоето тело и стравот пополека прави крвта да замрзнува во твоите вени - замижи, замисли едно место, топло место и едно сонце кое силно свети.

Замисли дека таму сме јас, твојата мајка, твоите  браќа и сестри, на едно поле зелено, во кое нема никави грижи, пречки и стравови, само взаемна љубов, поддршка и разбирање. Во тие кризни моменти почувствувај ја нашата љубов и сети се дека е поголема од тој страв кој те засега. Нека таа биде твојот штит кој ќе те брани од стравот кој се труди да го оспори твојот успех.

Само замижи и вдиши неколку пати длабоко, ќе видиш дека сè ќе биде подобро.

Морам да признаам, до ден денес секогаш кога ќе го почувствувам стравот, го правам истото што го правев како мало дете и верувал или не поминува, исчезнува, бидејќи сфаќањето дека во нечија прегратка си сигурен е одбраната за она што те тера да се плашиш дека со твојот неуспех ќе останеш осамен. Стравот е клето чувство, но не и непобедливо.

Затоа немој да размислуваш одново и одново, верувај во себе и машки избори се со стравот, сигурен сум дека ќе успееш“.

После тој разговор повторно воздивнав. Знаев дека да се биде родител е тешка задача, но никогаш не сфатив колку тоа тешко им паѓало на моите, сè додека јас самиот не најдов во ситуација да ги споделувам советите на кои тие ме учеле.

Го гледав моето чедо и се видов себеси пред неколку години. Лежеше и вдишуваше длабоко, мижеше и ја бараше љубовта во главата која му беше потребна да се избори со стравот.

Навивав да ја најде, бидејќи колку и да звучеше нереална приказната на татко ми, таа успеваше. Само беше потребно вистинско фокусирање на она што прави да се чувствуваш сакан и сигурен.

Како сѐ во животот, вистинскиот одговор на секоја злоба беше љубовта, која на некој начин секогаш знаеше да не извади од калта.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Mи недостига снегот во декември, мавањето со снежни топки на големите одмори и празничната еуфорија ... Се сеќавам дека од тезгите на градскиот плоштад купувавме честитки. Оние од по 3...
Среќата за секого е нешто различно - за едни е совршено исчистен дом, за други лице без брчки „Родителите и децата се вртеа во соблекувалната на градинката. Мали принцези со ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg