Постојат битки кои мора сама да ги победиш

Го знаете ли она чувство кога сте нем набљудувач, како да сте заглавени во некој одвратен кошмар во кој сакате да викнете толку гласно, но гласот не ви дава и колку и да се трудите од таму произлегува само еден напор кој не вродува со плод.

postojat-bitki-vo-koi-mora-sama-da-pobedis-01

Тој истиот кошмар ме следеше секогаш кога ги гледав нејзините солзи предизвикани од општеството околу неа. Не бидејќи беше ранлива, не бидејќи не беше вклопена, едноставно мојата најмила беше кревка. Како последен лист на есенско дрво кој трепери при силниот налет на ветрот. Животот добро ја третирал дотогаш, за разлика од мене кој сум поминал низ тие солзи многу одамна, па можеби затоа не знаеше што значи суровста на животот, но за да не остане должен тој со сите сили ѝ покажа.

Навистина се обидувам да најдам начин да ја опишам болката која ја чувствуваш додека гледаш како најмилото ти се мачи, се гуши со она што му се случува секојдневно, а ти си немоќен да помогнеш.

Сакаш, а не можеш.

Се обидуваш, но попусто.

Целта не ми беше да го воспевам тажното и меланхоличното околу нас двајца, сакав да ти кажам неколку збора кои сакам да ги понесеш со себе, без разлика што ќе биде понатаму.

Те познавам добро за да откријам дека во моментов си затрупана некаде во себе со целата тага на целиот свет, обвинувајќи се за секоја пропуштена прилика, за сè она што си можела да искористиш, а не си искористила за да стигнеш до целта. Голташ солзи, велејќи дека си обичен губитник на кој ништо не му оди од рака.

Мислиш дека неуспехот на одредено поле е најлошото што може да ти се случи. Се смеам, не поради твојата состојба, туку посакувам најголемиот проблем да ти биде заглавена година на факултет или пак напорниот шеф на работа. Дај Боже тоа да е најголемиот проблем и никогаш да немаш поголеми проблеми. Затоа што околу нас постојат. Ох, и тоа какви проблеми постојат...

Реков те познавам, за да можам да ти кажам сè она што треба да ти биде кажано, ако се сеќаваш ти ветив, а јас си стојам на мојот збор. Секогаш ќе бидам тука да го преземам кормилото кога ти ќе изгубиш контрола, но за да бидеш силна јас понекогаш ќе те оставам да се бориш сама.

Не за да те поразам, не за да те уништам, туку за да ја почувствуваш суровоста на животот и горчината на солзите. Така, ќе растеш. Дури и понекогаш да паднеш, лесно ќе го пронајдеш патот за да станеш. Ќе го оттргнам стакленото ѕвоно и ќе се обидам да те направам воин во одвратниот свет, а не принцеза помеѓу розови светови.

Знам ти звучи чудно и неразбирливо, си мислиш ми се измешале мислите и сум го погрешил текстот, но не е така. Во законите на природата се вели дека најсилниот победува, тој ќе опстане и ќе надживее служејќи се со послабите. Затоа, јас ти давам рака да те воведам во светот на преживувањето. Светот кој е суров, болен и далеку од сите оние убави работи кои секој ги посакува.

Но, ако го научиш тој свет на разочарување, тој свет на тага и неисполнетост каде само проколнатите чекорат, тогаш ќе можеш вистински да живееш неплашејќи се од ниту еден предизвик.

Борбата е лично твоја, мене ми се корне душата кога те гледам разнишана, но знам дека тоа е процес кој мора да го надживееш. Колку и да ти звучи неубедливо и нестварно ти ќе успееш.

Не го зборувам тоа за да те утешам, туку бидејќи сум бил таму, сум видел, почувствувал и сум победил. Едниствениот рецепт кој знам да ти го дадам е Не се откажувај, греби, гризи, напаѓај и во таа игра на преживување помеѓу тебе и било кој на светот, избери се себеси“.

Солзите нека течат, ќе видиш дека тие ќе ти бидат најголема инспирација и мотивација за понатамошните битки, лузните само ќе те направат поиздржлива, а она што ќе го преживееш е богатство за навек. Колку и да звучи чудно, тоа богатство ќе биде она што ќе те влечи напред правејќи те успешна.

Затоа, исправи ја главата!

Во животот ништо не е загубено сè додека ти не одлучиш да се предадеш, застани цврсто и бори се...

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
Емотивно писмо до сите што ги загубиле родителите: „Зборувајте за оние што заминале, така тие ќе жив... Во првите денови по загубата, се чини дека солзите никогаш нема да преисушат, а ...
Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Mи недостига снегот во декември, мавањето со снежни топки на големите одмори и празничната еуфорија ... Се сеќавам дека од тезгите на градскиот плоштад купувавме честитки. Оние од по 3...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg