Не верувај на погрешни луѓе

Уште од малечок размислував колку би било убаво да може да се оди во иднината за да се дознаат работите и да се избегнат сите грешки кога ќе се вратиш во сегашноста, но попусто, досега никој во тоа не успеал.

ne-veruvaj-na-pogresni-luge-01.jpg

А, би било совршено да го знаеш секој нареден чекор и да ја знаеш секоја стапка без да се помачиш, но тогаш одново што би правеле во животот ако некаде не грешиме?

Лежев во болничкиот кревет со скршена нога, не го послушав советот на мајка ми да не ги испробувам стрмните стази на скијање, на крајот, тоа беше резултатот. Но, скршената нога не болеше толку колку што болеше мирисот на болница, тмурните лица наоколу и досадата која полека ме убиваше. Во собата бев сам, тоа беше уште подепримирачко, бев заробен со анализи и испитувања, но како што вели мајка ми „ова нека ти е за ум“.

Во собата влезе мојот дедо со сок од праски, мојот омилен. Се шегуваше на моја сметка и заразно се смееше. Колку и да се обидував да кријам, тој знаеше да ме прочита, видел многу повеќе и знаеше многу повеќе. Јас не сакав да признаам, но бев плен фатен во стапица.

„Нешто те мачи, односно знам што те мачи, но дали ќе сакаш да ми признаеш?“ - ме потпраша зајадливо. Јас само испуштив знак на негодување, жалејќи за тоа дека оние за кои би го дал животот не се појавија да се обидат барем да ми го одземат вниманието од таа закотвеност, што беше најстрашно не се ни јавија, а знаеја.

„За жал вашите генерации се сведени на користољубие, взаемно искористување до последното денарче. Некако како да гледате да поминете низ нечие тело како тоа да е предмет без емоции, предмет кој ви е потребен да остварите нешто. Вас воопшто не ви значи нечија доверба, како тоа да е најневажниот подарок кој човек може да го подари, но заборавив тоа не е материјално, а вие сте генерација на материјалното.

Ете гледаш што се случува, сите кои биле околу тебе додека си купувал пијалоци во кафана, сите оние на кои си им помагал несебично, ги нема кога тебе ти требаат. Јас наоколу не гледам знак ниту дека биле, ниту па дека ќе дојдат, а во твоето лице гледам разочарување кое ми го пара срцето. Затоа како што ти имам кажано порано, ќе ти кажам уште еднаш. Немој да веруваш секому, не си ја давај искреноста, желбата, силата и времето залудно.

Не верувај на погрешни луѓе. Тие постојат само за да те искористат, да ти ја испијат крвта како пијавици и да си заминат. Такви луѓе во животот внучко мој воопшто не ти требаат. А, јас наместо да мудрувам, зедов домино знам дека ја обожаваш таа игра, ајде помести се за да се наместиме во напад кој ќе ја убие досадата“.

Стоев со неверување и болка, со едно сфаќање дека луѓето можат навистина да бидат злобни. Додека ги редев бројките во играта која како мал ја обожував јас размислував како тие ме наредија во своите планови, секако додека имаа потреба од мене, а потоа кога не им требав ме оставија. Јас за нив не бев ништо поразлично од делчињата на едно домино.

Ако ги имаш правилните делови, ќе победиш. Но, проблемот за нив овојпат беше што еден дел веќе им недостига. Можеби ќе го сфатат тоа доцна. Но, од тој ден јас не бев дел од нивното домино.

Некако не се каев, баш напротив тоа просветлување ми ја одзеде тагата и ме натера да не размислувам во погрешна насока.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
Емотивно писмо до сите што ги загубиле родителите: „Зборувајте за оние што заминале, така тие ќе жив... Во првите денови по загубата, се чини дека солзите никогаш нема да преисушат, а ...
Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Mи недостига снегот во декември, мавањето со снежни топки на големите одмори и празничната еуфорија ... Се сеќавам дека од тезгите на градскиот плоштад купувавме честитки. Оние од по 3...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg