Имаш една порака од иднината

Како што поминував покрај твојот прозорец, не можев, а да не ги забележам твоите горки солзи.

imash-edna-poraka-od-idninata-01.jpg

Морам да ти признаам, го одбра совршеното време за плачење. Со дождот кој силно паѓа надвор, мудро си одбрала да рониш солзи за никој да не те слушне.

Јас сум иднината.

Без паники. Знам дека си исплашена од мене, но мојата порака ќе те премисли.

Ретко кога им испраќам пораки на луѓето.

Не е дека сум арогантна, туку едноставно не сум во добри односи со минатото. Уште од почетокот на човештвото минатото толку си поигрува со умот на луѓето, што мене ме остава како туѓинец, како нешто непознато, застрашувачко.

Минатото влијае и на сегашноста. Кутрата таа, веќе не е способна да биде дел од нечиј живот.

Ја загрозувам мојата кариера моментално, но знаев дека морам да ти се доближам, да допрам до тебе.

Зошто трепериш? Зошто си толку исплашена од мене?

Никогаш нема да те повредам. Врати се назад во минатото и сети се.

Колку пати досега си седела на истата оваа столица и си плачела додека солзите не пресушат?

Се сеќаваш колку беше загрижена?

Се сеќаваш каква аверзија имаше кон мене?

Постојано викаше „што ако?“. Ја пропушти сегашноста. Дозволи да бидеш контролирана од стравовите во минатото и се згрозуваше веднаш штом ќе помислиш на мене.

Сети се и на времињата кога пристигнував. Сакам да те потсетам на насмевката која се појавуваше на твоето лице кога ќе се сетеше колку многу се плашеше во минатото од мене.

Никогаш не сум те повредила. Од далеку изгледам како бран кој иде кон тебе и изгледа како да ќе те уништи, но еднаш штом ќе дојдам до тебе, лесно запловуваш на површината.

Со секое ново утро јас станувам дел од твоето минато. Станувам дел од она со кое не сум во добри односи. Секој ден ме презираш. Го имаш целото време на светот да ме мразиш.

Но отсега, прифати ме. Бидејќи јас не сум против тебе. Јас сум со тебе.

Она што те тера да плачеш денес, утре ќе те тера да се смееш.

Јас сум само илузија. Минатото и јас сме илузија. Можеби сме непријатели, но сме едно.

Сè што имаш сега е сегашноста. Фокусирај се на него и повеќе нема да се плашиш од мене.

Насмеј се. Сè ќе биде во ред.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Некогаш на учителките им носевме каранфили, денес ваучери за шопинг: Дали претеруваме за 8 Март? „Се сеќавам, кога бев во основноо, немаше натпревар кој ќе ѝ купи поубав или пос...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
„Носите болни деца во градинка, затоа се разболуваат и нашите“ – Ми се гади од коментарите на родите... Немаме сите цело село зад нас што може да ни помага и ментално и финансиски и фи...
Секој маж може да добие дете, но тоа не го прави „татко“ Биолошкиот родител претпоставува дека ја заслужил љубовта на своите деца само за...
Детска искрена радост: Новогодишно пакетче под елката и Коледе со другарчињата од маало Кога јас бев дете, тоа коледарско утро не знаевме што е студ. Имавме само една м...
„Отворено писмо до мојот татко кој никогаш не беше тука за мене“ „Никогаш нема да можеш да ми ги вратиш оние години што ги пропушти. Никогаш нема...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg