10 начини како животот да ви биде повозбудлив оваа година

Зошто почетокот на година да не ја искористите за да зачекорите во нешто ново, непознато?

10-nacini-kako-zivotot-da-vi-bide-povozbudliv-ovaa-godina-01.jpg

Предизвиците се секогаш синоним за возбуда, но и ситниците може да допринесат оваа 2016-та да ви биде повозбудлива.

На пример, започнете со овие 10:

1. Негувајте барем едно единствено хоби

Покрај тоа што вашиот живот нема да се состои само од работа или учење, ќе бидете позадоволни, исполнети, ќе се поврзете со луѓе со слични интереси, а и ќе имате поширок спектар на теми за разговор.


2. Вежбајте како да застанете во одбрана на своите ставови без да се расправате

Употребувајте аргументи кои имаат смисла и кои не се поврзани со емоциите. Не се лутете и не правете сцени. Вежбајте да се согласите дека понекогаш едноставно не се согласувате. Освен тоа што ќе бидете вешти во дебатите, ќе бидете совршено избрусен дијамант и во секојдневните несогласувања и расправии.


3. Помогнете на било кој

На работа, на комшиите, на случаен минувач. Сметајте го тоа за добра карма.


4. Бидете експерт во една работа

Убаво е да бидете умешни во многу работи, но да бидете мастер во една е непроценливо.


5. Не се плашете да правите нешто сами

Седнете сами на кафе, на ручек. Одете во кино, на лизгалиште, на концерт... Кога еднаш ќе го направите ова, ќе почувствувате олеснување. Веќе нема да се вртите наоколу и да барате друштво, а и помалку ќе треба да ги задоволите туѓите очекувања.


6. Винтиџот е новото модерно

Можете да ја облечете кошулата на дедо или шеширот на баба. Ќе бидете единствени и оригинални.


7. Гледајте ги луѓето во очи

 Слушајте ги и набљудувајте. Воспоставувањето на контакт со очите има главна улога во креирање на добрите меѓучовечки односи.


8. Престанете да се грижите што мислат другите

Тоа не е можно во целост, но барем не си го трошење времето на тоа кој што рекол и кој како ве погледнал. Вашиот идентитет не смее да се гради врз она што им се допаѓа на другите.


9. Секогаш носете книга со себе

Никогаш не знаете кога ќе треба да чекате подолго од очекуваното. Тогаш извадете ја книгата, скратете си ја досадата и раздвижете го мозокот.


10. Научете да правите оригами

Тоа е вештина кој брзо ќе ја совладате, а уште побрзо ќе се воодушевите од своите способности. Освен тоа што е релаксирачка активност, со минимално вложено време може да направите уметнички дела.

Би можело да ве интересира:

Родителски фрази кои сите деца што растеле во 90-тите сѐ уште ги помнат „Ако ги јадеш семките од лубеницата, ќе ти порасне лубеница во стомакот“, „Ако г...
„Бев со Тоше Проески во диско во Будва, ја откачи Гоца Тржан за да нè испочитува нас, новинарите - з... Иако цели 17 години не е меѓу нас, сеќавањата што ги имам за Тоше ми се секогаш ...
Ученици му се смееја на професорот за погрешниот одговор, а тој им одржа животна лекција Професор им одржа животна лекција на своите ученици: „И да направите милион добр...
Ќе ѝ помогнеш на „будалата“ да прогледа, па ќе види сè освен тебе Кога ќе помогнеме некому и нема да добиеме ниту едно „Благодарам“ може да се поч...
Миа Костова за CRNOBELO лексикон: „Ме задеваа во основно, знаев да 'изедам' и некоја клоца“ „Ме плашат смрт, болест, загуба на блиски, ајкули, земјотрес…“ - Миа Костова се ...
Во Македонија луксуз ни стана да отидеме во театар, на фризер и на ручек во кафеана Дојдовме во ситуација кога се молиме да не ни се најават гости, затоа што еден у...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg