Во Новата си посакувам...

Утрово, си ја пишувам својата листа на желби за идната година. Посакувам едноставни, но моќни работи...

vo-novata-si-posakuvam-01.jpg

Во Новата си посакувам...

Здравје... Без него ништо. Си посакувам здравје за себе и за своите блиски. Во време на црни прогнози за иднината, тоа ни е најпотребно.

Си посакувам љубов, во сите форми, во сите нијанси затоа што таа е моќна да го промени секој човек на подобрто.

Си посакувам сила за да ги издржам тестовите на животот.

Храброст си посакувам за идната... Да ги направам сите оние работи кои годинава ми влевале страв во коските.

Надеж... Ќе се надевам дека ќе биде во ред.

Повеќе сончеви денови кои предизвикуваат радост.

Си посакувам за Новата, пријателите да се покрај мене. Оние вистинските, искрените. Оние кои се секогаш подготвени да ме подржат.

Си посакувам повеќе рациоанлни одлуки.

Повеќе вистински прегратки.

Повеќе свеж воздух.

И повеќе колачи без да бројам калории!

М. К. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

За жените по 40-тата животот допрва почнува! По 40-тата, жените престануваат да бројат калории. Затоа што љубовта, интересот,...
За мажот кој ѝ ја стискаше раката на хемотерапија (и го посакав за свој) Седеше тој со часови и со растреперен глас знаеше да ме праша: „Ќе биде ли таа д...
„Кога ме игнорираш, не ме казнуваш - само ме учиш полесно да живеам без тебе“ „Тоа што ме игнорираш, не значи дека е крај на мојот свет - тоа е почеток на нов...
„Бев со Тоше Проески во диско во Будва, ја откачи Гоца Тржан за да нè испочитува нас, новинарите - з... Иако цели 17 години не е меѓу нас, сеќавањата што ги имам за Тоше ми се секогаш ...
Се скарав со најдобрата другарка, егото не ми дава да ѝ попуштам - Како уништивме 15 години пријател... „Плачев зашто не ми беше сеедно, зашто работите се менуваа, зашто наместо да има...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg