10 работи кои ги знаат само луѓето кои се среќни секој ден

Има луѓе кои зрачат со среќа, иако животот им е далеку од совршен. Како да станете еден од нив? Која е нивната тајна?

10-raboti-koi-gi-znaat-samo-lugeto-koi-se-srekni-sekoj-den-01.jpg

Немаат никаква посебна тајна, само секојдневно се потсетуваат на овие 10 работи кои сите постојано ги забораваме:

1. Просечниот животен век е краток

Живејте го животот денес. Не ја игнорирајте смртта, но не дозволувајте стравот да ве парализира. Најстрашната смрт е кога умирате однатре додека уште сте живи.


2. Ќе го живеете само оној живот кој сами ќе го создадете

Другите можат да влијаат на него толку колку што ќе им дозволите, а не можат да одлучуваат наместо вас. Може да одат покрај вас, но не може да бидат во ваша кожа.


3. Да бидеш зафатен не значи да бидеш продуктивен

Погледнете околу себе – зафатените луѓе постојано некаде доцнат. Трчаат на состаноци, на работа, на собири... едвај имаат време да застанат и да одморат. Но, сè е тоа илузија. Никој на крајот од животот не се жалел дека премалку работел, туку затоа што премалку време посветувал на работите кои ги сакал.


4. Неуспехот секогаш се јавува пред успехот

Ако премногу сте исплашени од промашувања, никогаш нема да го направите она што е потребно за да успеете. Решението на овој проблем е да си дозволите да доживеете неуспеси.


5. Да мислиш и да правиш се две сосема различни работи

Вие сте она што го правите, а не она што кажувате дека ќе го направите. Ако го чекате моментот кога ќе бидете 100% подготвени за нешто, ќе чекате цел живот.

10-raboti-koi-gi-znaat-samo-lugeto-koi-se-srekni-sekoj-den-02.jpg

6. Не треба да чекате извинување за да простите

Животот е многу полесен кога ќе почнете да ги прифаќате сите извинувања кои никогаш не сте ги добиле.


7. Некои луѓе едноставно се погрешни за вас

Ако некој ве тера да се чувствувате несигурно и непријатно секој пат, веројатно не сте компатибилни. Постојат многу видови на енергетски вампири. Но, постојат и толку многу луѓе кои ве инспирираат и ви даваат енергија. Тогаш, зошто да се заглавувате со првите?


8. Никој не е задолжен да ве сака, освен вие самите

Важно е само да бидете добри кон другите. И што и да направите на овој свет, најважно е да се сакате себеси.


9. Она што го поседувате не ве обликува како личност

Целиот свет стана материјално зависен. Па, сосема логично е нематеријалните работи како семејството, пријателите, партнерот, успесите и падовите, плановите и стравовите да имаат поголема вредност.


10. Сè
се менува, со секоја нова секунда

Она што го имате денес не значи дека ќе го имате и утре. Никогаш не може да знаете. Работите се менуваат и тоа спонтано. Животот не чека и не стои во место. Без оглед а тоа каква е ситуацијата, добра или лоша, ќе се промени. Тоа е единственото во што можете да верувате.

Би можело да ве интересира:

„Вашето дете е расеано!“ – ми велат, но го сакам такво какво што е и не би го менувала за ниту едно ... Тргнала да си оди од училиште, но го видела другарчето дека е тажно, па за да го...
Димитар Андоновски за CRNOBELO лексикон: „Тропав на ‘тапани’ на тенџериња, свирев ‘гитара’ на пушки ... „Како дете имав 2 прекара - едно време ме викаа Свиок бидејќи на косата имам мно...
Ивана Кнез за CRNOBELO лексикон: „Како дете сум се загубила на Охридско Езеро 12 часа“ „Прв симпатија ми беше Боби од градинка, скршив нос на едно девојче за него. Да ...
Бегај од луѓето кои изигруваат жртви на проблемите кои сами ги креирале Сите ние барем еднаш во животот сме се соочиле со личност која постојано изигрув...
„Немаме култура – ни во маркет, ни во јавен тоалет“ Можеби повеќе од апсурдно е да се зборува за тоа како треба вистински да се одне...
Васил Гарванлиев за CRNOBELO лексикон: „Џејсон прави најубава мусака, ја надмина дури и мама“ „Идол ми е мама. Цел живот го ризикуваше за да ни овозможи да сме тоа што сме со...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg