Беше тешка година, но уште еднаш, преживеав

Цела една година не можев ништо да напишам. Едноставно немав никаква инспирација. И ќе ве излажам ако ви кажам дека оваа мрачна тишина имаше некаква причина. Немаше.

beshe-teshka-godina-no-ushte-ednash-preziveav-01.jpg

Вистината е дека ова беше тешка година за мене.

Бев и секаде и никаде. Лесно го менував мислењето за работите и ситуациите, за големите работи... до таа мера што повеќе немав никакви цели и намери. Се сомневав буквално во сè, дури и за прашањата кои се надевав ќе ме извадат од темнината.

Но тоа не се случи. Не ме извадија од темнината. Верувајте ми. Иако се обидував, не успеав.

Често се прашував себеси дали случајно сум грешка, дали моето постоење е грешка уште од самиот почеток, дали мојот живот е креиран за разочарување.

Можеби сите овие прашања произлегоа од фактот што немав никаква цел во животот и тоа што ми недостасуваше насока. Можеби сето ова произлегуваше од срамот кој го чувствував едноставно затоа што немав ништо да понудам, ништо да дадам и покажам.

Можеби од сè по малку.

А, можеби и сè произлегува од фактот што имав големи страсти, љубопитност и сакав да го изразам моето срце, па се плашев дека сè што ќе направам нема да има никакво значење, без оглед на тоа какви ми биле намерите, големи или мали.

Можеби тој страв ми велеше да избегам од сè, ја охрабруваше мојата навика да се обидувам да исчезнам меѓу редовите на моите зборови.

Секогаш, без утка скокнував во темнината пред мене, удирав на дното на мојот сопствен пекол.

Се чини дека овие мои бурни паѓања и не беа така лоши. Научив две три работи од нив.

Можеби не открив што точно ме прави среќна, но научив што ми се случува кога се обидувам да ги следам оние работи кои посакував да ме направат среќна. Научив што не сум и дека треба да престанам да се обидувам да бидам нешто што не сум.

Научив или барем, запомнив дека не сум единствена личност која се чувствува вака. Не сум единствената личност која се бори да дојде до патот кој многупати ми се чинеше дека воопшто не постои. Не сум единствената личност која се презирала себеси.

И токму затоа, оваа година на тишина завршува. Имаше своја цел, болна цел да го направи она што мораше да го направи.

И еве ме. Беше тешка година.

Но, уште еднаш, преживеав. И во овие моменти додека барам нежна рака која ќе ми помогне да се искачам и да излезам од дното, знам дека има и други како мене, некои кои очајно бараат помош и поддршка.

Сега подготвена сум да направам чекор нанапред, мал, но сигурен чекор кон нешто подобро.

Чекор по чекор...

Би можело да ве интересира:

Се сеќавам на маалото од моето детство – Си игравме на неасфалтираната улица, се криевме во гаражата... Кога сега ќе погледнам што сè е останато од моето маало, се запрашувам дали стан...
Димитар Атанасовски за CRNOBELO лексикон: „Имам скршено прозорец на комшиите со фудбалска топка“ „Како дете омилени игри ми беа фудбал, жмурка, џамлии и лего коцки. Бев одличен ...
Заштити ја сопругата и поддржувај ја – направи да се чувствува сакано Заштити си ја сопругата. Треба да бидеш нејзин партнер, нејзина доверлива личнос...
Работи што ги правевме на фиксните телефони, а денешните деца не можат да ги сфатат Се сеќавате ли колку ни беше поедноставно детството? Немавме мобилни телефони со...
Се скарав со најдобрата другарка, егото не ми дава да ѝ попуштам - Како уништивме 15 години пријател... „Плачев зашто не ми беше сеедно, зашто работите се менуваа, зашто наместо да има...
Луѓето со невидлива пукнатина се кревки - од мал удар срцето ќе им препукне Ако чашата остане недопрена по првиот удар, втор удар дури и да не е пресилен, м...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg