Бидете свои дури и тогаш кога ве попречуваат
Најважната работа која може да ја направите за себе е да останете доследни на својот став и мисла, дури и тогаш кога можеби знаете дека не сте сосема во право.
Затоа што пред сè, вие сте една прекрасна личност која вложила многу време и труд за да стигне до местото каде што сте сега.
Борете се за своите права, бидејќи ако вие не го направите тоа, никој друг нема да го направи за вас.
Но, додека се борите за вашите права, пишани или непишани, не заборавајте на вашите обврски. Професионални, приватни... И онаа најважната, обврската да бидете Човек, секогаш и секаде.
Не трудете се да ги промените луѓето чии мани ви бодат очи. Или засакајте ги поради доблестите кои ги имаат, или тргнете ги од вашата приказна.
Трудете се да промените нешто кај себе. Да бидете подобри од вчера.
Бидете свои. Не стравувајте од тоа да имате свое јас, да го искажите своето мислење.
Не го губете идентитетот поради желба на партнерот или родителите. Туку, постојано градете го вашиот идентитет. Со нови размисли, одлуки кои сметате дека се правилни, нови хоризонти, нови луѓе...
Бидете свои. Така сте посебни, прекрасни, неповторливи.
М. К. | Црнобело