Како да си заминете, кога знаете дека треба да останете?
Понекогаш можеме да се најдеме во ситуации кои ни предизвикуваат болка. Дали станува збор за место, личности, работа или некакви навики, не е важно. Се навикнуваме на болката и ја прифаќаме предвидливоста на работите.
Болката станува нашиот втор дом. Не носи до она што сметаме дека ни е потребно: сигурност, љубов, дом, разбирање и прифаќање.
И можеби работите кои ни носат болка навистина можат да ни ги овозможат тие работи. И можеби има смисла да ја прифатиме реалноста и да го правиме она што се чини како нормално.
Но, болката значи дека нешто сепак не е како што треба. Значи дека не се чувствуваме како дома. Не е она правилното, најдоброто што можеме да го направиме за себе.
Кога ќе го сфатиме ова, знаеме дека треба да најдеме храброст и да си заминеме од безизлезната ситуација. Од сигурноста и комфорот со кој толку долго сме живееле. Знаеме дека треба да тргнеме подалеку од сигурноста, љубовта, разбирањето и прифаќањето.
Но, заминувањето е тешко. И колку и да сакам да кажам дека е сигурен избор, реалноста не е таква.
Понекогаш не можеме така едноставно да си заминеме. Понекогаш имаме одговорности кои не можеме туку така да ги напуштиме и игнорираме. Но, сепак знаеме дека треба да си заминеме. Знаеме дека ако останеме, со месеци и години ќе страдаме.
Тука треба да сфатиме дека постојат многу начини на кои можеме да заминеме.
Понекогаш тоа заминување е како продавање на сè што поседуваме, пакување на куферите и заминување на пат – каде точно? Не знаеме и не ни е воопшто важно. Немаме потреба да знаеме. Само знаеме дека треба да си заминеме. Па тргнуваме по некој непознат пат.
Понекогаш тоа заминување е напуштање на работното место или разведување или завршување на долгогодишното пријателство кое не прави несреќни. Дали имаме точна причина зошто го правиме тоа или причината е дека работите едноставно повеќе не функционираат, неважно. Важно е дека знаеме, чувствуваме длабоко во себе дека треба да си заминеме.
Но, едно од најчудните и најпарадоксални заминувања е она кога ќе решиме да останеме, затоа што понекогаш тоа значи адаптирање на работите кои ни предизвикуваат болка.
Можеби сакаме да си заминеме, но мораме да останеме од бројни причини. Можеби остануваме затоа што не можеме да продадеме сè што поседуваме, затоа што не можеме да ја напуштиме работата или врските.
И тоа можеби значи дека сме го откриле вистинскиот пат кон лекувањето на нашата душа, затоа што знаме дека ќе пронајдеме нов начин како да се соочиме со секојдневието, со работата која не гуши, токсичните пријатели или незадоволството во бракот.
Можеби така подобро растеме и созреваме.
Патување кое всушност вистински нè спасува, кое ни дава втора шанса за нов посреќен живот.
И можеби само тогаш сфаќаме дека воопшто не треба да заминеме, дека доволно е да се промениме себеси и така болката да замине.
И започнуваме одново.
Подобар почеток.
Посреќен почеток.
Кон поисполнет живот.