Сите имаме по една таква - најдобра, најверна другарка

Се сеќавам уште како се запознавме, ми доаѓа така некоја бледа слика...

site-nie-imame-po-edna-takva-najdobra-najverna-drugarka-01.jpg

Ти беше слабичка, со кратка коса и весели очи. Јас бев она дебелкото и секогаш црвено во обравчињата. Тоа беше во нашето маало, шетајќи со мојата баба те здогледав тебе така срамежливо сè додека не нè запознаа нашите баби. После неколку минути јас и ти се најдовме заедно како правиме ручек  пред оградата на твојата куќа. Една кине лист од едното дрвце, друга кине цветчиња, а бабите се смешкаат и се чудат како ли се заигравме.

И така беше секој ден, игравме, многу игравме. Заедно и мајка и ќерка и комшики и сестри. Игравме со шминките на мајка ти и со накитот на мајка ми.

site-nie-imame-po-edna-takva-najdobra-najverna-drugarka-1.jpg

Почнавме и на училиште заедно. И двете се жалевме од тешките ранци и еден ден нè земаше од училиште мајка ти , а еден ден татко ми. И секој ден заедно. Седнавме на иста клупа. И така поминавме 8 години. Се сеќавам кога ми се смееше 3 дена, бидејќи го заборавив ранецот на училиште и ми беше срам да влезам и да го побарам во другата смена, па отиде ти место мене.

Заедно учевме математика, а и двете не ја сакавме.

Ти го знаеше мојот домашен телефон на памет, а јас твојот. Понекогаш се правевме важни пред другите и имавме свој јазик, никој да не нè разберe. И до ден денес никој не ја разбира нашата врска. Физички сме далеку една од друга, но ништо не се сменило.

Кога и да те видам, си е исто и започнува каде што завршило. Не поминува ден без да те слушнам. Јас бев сведок на твојата прва љубов, ти ми ги бришеше солзите кога плачев за првиот дечко.

Јас бев тука кога тебе ти се случија многу преплети во животот и ти си секогаш за мене, тука.

Кога и да ти зборувам, знам дека ме слушаш, знам дека ќе ми кажеш нешто многу повеќе од клишираното – ќе помине. И знам сè за тебе, ти го знам секое ќоше во домот, ги знаеш сите мои роднини и подалечни и поблиски. Јас бев пријателка со секој твој дечко и знаев да кажам овој не е за тебе, а ти да не ми се лутиш. Кога и да сум во неволја, се јавувам , баш кај тебе, а ти и да не знаеш што да ми кажеш, пак си тука за мене. Затоа што си другарка од детство, другарка што ме знае, затоа што ти сум како второто јас. И само едно се надевам, дека ќе имаме ќерки кои ќе можат да го живеат она што јас и ти го живеевме и ќе го живееме!

Н. Т. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Марис за CRNOBELO лексикон: „Омилени игри ми беа џамија, штркот бара боја и ластик“ „Не сум размислувала кој лик од цртаните би сакала да бидам. Можеби „The Fairy G...
Детска искрена радост: Новогодишно пакетче под елката и Коледе со другарчињата од маало Кога јас бев дете, тоа коледарско утро не знаевме што е студ. Имавме само една м...
Полесни ми беа домашните како дете, отколку како родител – Ги разгалуваме ли несвесно децата? На Фејсбук деновиве се вртеше едно меме во кое верувам дека се пронајдоа голем б...
Димитар Атанасовски за CRNOBELO лексикон: „Имам скршено прозорец на комшиите со фудбалска топка“ „Како дете омилени игри ми беа фудбал, жмурка, џамлии и лего коцки. Бев одличен ...
Пејачот Даниел Данн за CRNOBELO лексикон: „Еден ден би сакал да имам ранч со животни“ „Првата симпатија ми беше уште од училишните клупи и се немаме видено многу одам...
Стефан Лазаров за CRNOBELO лексикон: „Ми ja дупнаа главата со стап како дете“ Се сеќавате ли на лексиконите што ги пополнувавме во училиште, но криевме кој ни...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg