Не припаѓаш никому, на ниту еден човек, на ниту една земја
Постои момент во кој сите се плашиме. Исплашени сме од нашата иднина, исплашени од помислата дека не го живееме животот кој длабоко во себе го посакуваме.
Токму во тие мигови, произлезе инспирацијата за оваа „молитва“.
Ова е молитва за животот кој сакам да го живеам – диво, слободно и во сегашноста...
Играме среде бранови високи,
Бранови кои го обложуваат хоризонтот со млечна пена.
Долу во длабочината, водата е толку темна што оди во недоглед.
Во бесконечност.
Долу до душата на Земјата.
Ги остриме нашите умови
Со божественоста на завршените работи.
Како исушени рози, завиткани и кршливи.
Неподвижни во прегратките на смртта.
Се смееме радосно.
Распространети низ долините
Врежани во планините.
Си играме со кафеавата земја,
Свилена и влажна.
И го вкусуваме слаткиот летен дождец со нашите бели дробови.
Нашите души не се кршат како стакло.
Како деликатните месечеви зраци на ладниот цемент.
Не припаѓаме на ниту еден човек
На ниту еден град.
Одиме бесконечно.
Слободни со нашата дивост.
Нашата вечност се простира како море.
И живееме...