Убавината е во вашите несовршености - Прифатете ги!

Младите девојки обично имаат два избора: Дизни принцези или супермодели. И двата се сметаат за физичко отелотворување на убавината: мал струк, големи гради и долга свилена коса која паѓа на нивните раменици.

ubavinata-e-vo-vashite-nesovrshenosti-prifatete-gi-01.jpg

Сите сме научени дека убавината има име: Адриана Лима, Пепелашка, Жизел Бундхен...

Треба да се додаде дека тие жени, без разлика на тоа дали се фиктивни или реални, напорно работат на својата убавина. Манекенките имаат свои лични тренери, напорни распореди и строги диети до кои мораат да се придржуваат. На принцезите не им е дозволено да се земат за било кој маж, туку за оној кој им е наметнат. Никому не му е лесно, зар не?

Но, младите девојки не се учат да ги сакаат принцезите или моделите поради нивните тешки борби и храброста, упорноста и издржливоста.

Ги сакаат затоа што се убави, а нивната убавина е вредна за восхит. Моделите и старлетите ги заменија жените кои се навистина вредни за восхит, како Еленор Рузвелт или Маја Ангелоу.

Кара Делевињ од друга страна пак, отсекогаш имала свој личен конфликт со модната индустрија која и донесе слава. Бавењето со манекенство според нејзините зборови, направило да се чувствува „плитко и да се мрази себеси“. Таа од стресот добила и псоријаза.

ubavinata-e-vo-vashite-nesovrshenosti-prifatete-gi-1.jpg

„Ставаа ракавици и не сакаа да ме допираат. Како да сум добила лепра“ – вели 23-годишната манекенка.

Модната индустрија се смета себеси за пионер во прифаќањето на сите жени без разлика на нивниот изглед. Но, од друга страна на пистите има само високи и слаби девојки, а псоријазата – болест со која се борат повеќе од 7.5 милиони луѓе на светот, е нешто што е премногу грозно за да се допре.

Брендовите, дизајнерите и познатите модни куќи ги охрабруваат своите потрошувачи да ја прифатат својата необичност, но кога тие лично се сретнуваат со различноста, таа одеднаш станува нешто изопачено.

Така е и со тежината.

Можеби постојат модели како Тес Холидеј, но постојат бројни контрадикторности на прашањето дали и некои жени како неа можат да бидат модели.

Убавината е убавина и таа не треба да биде претставена преку тело од 180cm и тежина од 54kg, туку да биде прифатена онаква каква што е.


Вашите модрици ја раскажуваат вашата приказна.

ubavinata-e-vo-vashite-nesovrshenosti-prifatete-gi-2.jpg


Вашите облини по породувањето зборуваат за тоа што сте создале.

ubavinata-e-vo-vashite-nesovrshenosti-prifatete-gi-3.jpg


Вишокот на кожа зборува за патот кој сте го поминале.

ubavinata-e-vo-vashite-nesovrshenosti-prifatete-gi-4.jpg


Стриите покажуваат колку сте се развиле.

ubavinata-e-vo-vashite-nesovrshenosti-prifatete-gi-5.jpg


Белезите се мапа на вашето тело.

ubavinata-e-vo-vashite-nesovrshenosti-prifatete-gi-6.jpg


Вашето тело е платно на кое се отсликани бројни тетоважи.

ubavinata-e-vo-vashite-nesovrshenosti-prifatete-gi-7.jpg


Вашите акни потсетуваат на вашата младост.

ubavinata-e-vo-vashite-nesovrshenosti-prifatete-gi-8.jpg


Вашата насмевка е искрена иако е несовршена.

ubavinata-e-vo-vashite-nesovrshenosti-prifatete-gi-9.jpg


Пегите на лицето потсетуваат дека е лето.

ubavinata-e-vo-vashite-nesovrshenosti-prifatete-gi-10.jpg

Би можело да ве интересира:

„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...
Еден ден мајка ти нема да ти се јавува повеќе и ќе посакуваш таа да живееше подолго Еден ден мајка ти нема да ти се јавува повеќе. Еден ден ќе посакуваш таа да живе...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
10 причини зошто добрите жени поминуваат најлошо во животот Добрата жена не знае да каже 'НЕ'. Добрата жена ќе подголтне и нема да се кара. ...
За жените по 40-тата животот допрва почнува! По 40-тата, жените престануваат да бројат калории. Затоа што љубовта, интересот,...
Среќата за секого е нешто различно - за едни е совршено исчистен дом, за други лице без брчки „Родителите и децата се вртеа во соблекувалната на градинката. Мали принцези со ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg