Носите ли сончевина во вас?

Часовникот веќе најавува два часот по полноќ. Но, јас ова едноставно морав да го запишам... Денес, едноставно останав вчудоневидена од човечките реакции. Се зачудив за тоа колку луѓето стануваат се поограничени, блокирани од стрес, изгубени во секојдневните обврски... Обожаваат да бидат воајери, да ѕиркаат и да се мешаат во животите на другите,  да ги судат, а притоа не вперуваат прст во себе.

nosite-li-soncevina-vo-vas-01.jpg

Денес сакав едноставно да бидам среќна,  да се радувам на ситници, да го обојам животот во светли бои... Но, не го направив тоа. Ме прекинаа во тоа. Некои други нешта: големи кавги за ситници, проблеми кои луѓето ги хиперболизираат, поплаки и барање маани...

Каде остана надежта, волјата? Толку малку ни е потребно да бидеме среќни, но очигледно тоа малку ни недостасува. Свесни ли сте дека Вие сте дел од Космосот, дел од Планетата, захирот во нечиј живот, причината поради која некој не може да заспие и чувствува пеперутки во стомакот... Свесни ли сте дека Вие сте скапоцен опит на природата кој нема да се повтори никогаш!?

Свесни ли сте вие дека вашата насмевка на некому значи многу, дека внесувате Сончевина во нечиј живот? Па, можете ли тоа да го сокриете во себе? Таа сончевина, енергија што ја носите, прави убавите нешта да бидат уште поубави, а неубавите кој ли ги споменува...

Знаете, некогаш тишината знае да каже многу повеќе отколку илјадници зборови. Некогаш далечината е најкраткиот пат кој ќе го помините во животот. Некогаш потребно е сосема малку за да се има многу. Некогаш секундата е вечност, но и животот некогаш е само мал миг за кој посакуваме да трае подолго. Колку само е апсурден светот во кој живееме. Парадокс на самиот себе! Сите контрасти на едно мало место и неколку милијарди срца кои ги живеат тие контрасти. Ни ја убиваат ли вербата токму тие контрасти? А колку убаво е човек да има во што да верува...

Да се надева. Да има некој на кој ќе може да се потпре секогаш кога губи сили, да има некој на кој ќе му ги кажува тајните, некој со кој ќе ги споделува плановите, некој кој ќе биде причина за насмевки. Убав е животот кога знаеме дека сончевината ја носиме во себе и поради тоа сме среќни, без разлика дали небото е препокриено со облаци. Убав е животот кога споделуваме нешта, кога ги затвораме очите, молчиме и на личноста која е покрај нас и даваме потврден одговор само со тишината.

Но, тоа не е страшна тишина која предизвикува немир, напротив, таа е тишина која предизвикува спокој. Оној спокој кој го чувствуваме додека го набљудуваме зајдисонцето... И срцето ни се исполнува!

Автор: М.К.

Би можело да ве интересира:

Емотивно писмо до сите што ги загубиле родителите: „Зборувајте за оние што заминале, така тие ќе жив... Во првите денови по загубата, се чини дека солзите никогаш нема да преисушат, а ...
Mи недостига снегот во декември, мавањето со снежни топки на големите одмори и празничната еуфорија ... Се сеќавам дека од тезгите на градскиот плоштад купувавме честитки. Оние од по 3...
Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
Некогаш vs. сега: Како изгледаат денес ѕвездите по кои лудувавме во 1990-те? Брендон од Beverly Hills, Ејдан од Sex and the City - колку се остарени ѕвездите...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg