Поучна приказна: Како се чува љубовта?
Еден ден мајката го земала својот син на долга прошетка по плажата. Во еден миг детето ја прашало...
„Мамо, како се чува љубовта?”
Мајката го погледнала и одговорила:
„Земи малку песок во рацете и силно стисни го во дланката.”
Детето направило како што му кажала мајката и колку што посилно го стискало песокот, толку повеќе песок паѓало од неговата рака.
„Но, мамо, песокот ми бега.”- одговорило детето.
„Знам”- рекла мајката, а потоа додала „Сега отвори ја целосно дланката.”
Детето ја послушало мајката, но во тој миг дувнал силен ветар и го однел целиот песок од неговата мала дланка.
„Ниту на овој начин не успевам да го задржам песокот.”- рекло детето.
На тоа мајката со насмевка на лицето одговорила:
„Сега земи малку песок во раката и држи ја дланката како да е во облик на лажичка, доволно затворена за да го заштитиш песокот, но и доволно отворена за тој да биде слободен.”
Детето направило како што му било кажано и песокот му останал во дланката, доволно заштитен од ветрот и доволно слободен за да не се лизга низ прстите.
„Ете така се чува љубовта”- додала мајката и го бакнала своето мало синче.