Ретро совети од времето на Југославија пред да тргнете на летување

Некогаш поодамна, многу од генерациите на 70-те и 80-те се сеќаваат дека во времето на Југославија постоеле многу правила за однесување, особено на младите девојки кои одат на летување.

retro-soveti-pred-letuvanje-od-vremeto-na-jugoslavija-01.jpg

Денес можеби некој ќе се изнасмее и ќе ги прогласи за луди сметајќи дека се премногу крути и строги, но во суштина биле многу корисни.

Денес се живее многу послободно, но секогаш се добредојдени и советите на постарите:

Се ближи денот кога треба да замиете на летување заедно со група девојки и без разлика колку ќе останете сакате сите денови да ви бидат незаборавни.

Секоја потајно посакува да ѝ се случи некоја љубовна авантура, но тоа не значи дека треба да се фрли во прегратка на првиот што ќе ѝ се приближи.

Многу е важно од самиот почеток да не привлечете погрешен тип на момче, па да си го уништите одморот.

Ако одите во некој летен камп уште на патот до таму запознавате луѓе кои сигурно често ќе ги среќавате.

Така, лесно може да ви се „залепи“ некој уште на самиот почеток, кој не е многу згоден, но сака да биде во ваше друштво.

Додека не го запознаете подобро, избегнувајте да кажете точно место на кое сте сместени. Брзото додворување колку што е интересно, толку може да ви биде и досадно подоцна, кога нема да можете да се откачите од него.

Не е добро уште на почеток да се врзувате за првиот што ќе го запознаете бидејќи не знаете кого сè ќе сретнете во текот на останатите денови.

Избегнувајте да се вљубите во некои клучни личности кои не се дел од друштвото, туку е некој од водичите на групата, возач на автобусот, вработен на кампот. Тие постојано запознаваат нови луѓе, нови девојки и многу од нив успеваат да заведат на ист начин.

retro-soveti-pred-letuvanje-od-vremeto-na-jugoslavija-1.jpg

Избегнувајте да се вљубите и во момчето кое е главен забавувач на друштвото, бидејќи интересно е кога ги слушате неговите шеги заедно со сите останати, но ќе ви биде досадно ако тоа го слушате и на само.

Бирајте повеќе срамежливи, но стабилно момчиња кои не се најзабавни и најзгодни, но секогаш се тука кога нешто ви треба.

Добро исончаните момци се најпривлечни, но не заборавајте дека тие спаѓаат во една од групите кои треба да ги избегнувате:

- спортисти – премногу се разгалени, брзо освојуваат и подготвени

- лажно потемнети – ако можат да лажат за тенот, тогаш можат и за сè друго

- професионални заводници – се селат од камп во камп и лесно заведуваат.

Кога ќе стигнете за информации прашувајте различни личности, не се доверувајте само на една личност која ќе мисли дека зависите од неа.

На плажа стојте подалеку од момците кои ви се прилепуваат како придружба, а всушност сакаат да го користат истиот простор со вас, да бидат видени како популарни фраери и ако може вие да ги платите чадорот, лежалката, влезот, бидејќи секогаш гледаат како да се извлечат дека немаат доволно или немаат ситно.

retro-soveti-pred-letuvanje-od-vremeto-na-jugoslavija-2.jpg

Покрај општите предупредувања за внимание има и општи:

- Избегнувајте го оној кој не сака да соопшти каде е сместен, бидејќи сигурно крие нешто.

- Бидете внимателни со луѓето кои се подготвени да се расфрлаат со пари, бидејќи тешко им е да заклучат што сакаат да купат.

- Немојте целосно да ги избегнувате срамежливите, бидејќи меѓу нив се кријат и добри души и личности вредни за внимание.

- Поштедете се од разочарување. Никому не давајте домашна адреса.

Летувањето има свои закони и правила, а едно од нив гласи: Не сфаќајте ништо премногу сериозно, а уште помалку врз основа на доживувањата тогаш, да си правите планови за иднината.

Мислите дека овие ретро правила можат да важат и денес?

Би можело да ве интересира:

8 работи кои некогаш беа хит, а денес се застарени Некогаш рецепти баравме во тетратките на баба, денес ги пребаруваме преку интерн...
Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
Секој маж може да добие дете, но тоа не го прави „татко“ Биолошкиот родител претпоставува дека ја заслужил љубовта на своите деца само за...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Мали мудрости на кои може да нè научат само нашите мајки Мајка ми велеше: „Ако веќе разговараш со оние што не те сакаат, тогаш тоа нека б...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg