Храброста е моја религија, а религијата се почитува!
Колку пати во животот имам паднато, но повторно се имам издигнато над сета земја која луѓето се обидувале да ми ја фрлат над глава?
Колку пати во животот ги имам истриено очите од прашината која повторно луѓето ми ја фрлиле во очи?
Колку пати во животот сум се правела дека не ги слушам нивните зборови позади грб?
Колку пати во животот сум љубела, но сум изгубила?
Колку пати сум била храбра, а сум сакала да паднам, но сум се издигнала повисоко од тие што ме турнале кон дното?
Многу пати.
Сигурна сум дека и вие имате поминато низ сето ова, но доколку се уште сте во состојба да го читате овој текст, значи дека сте издржале се. Не сте потклекнале пред тешкотиите.
Сега знаете дека тој што му копа гроб на друг, самиот паѓа во него. Тој што расплакувал друг со фрлање на прашина во неговите очи, сега плаче непрекинато од кармата во неговите.
Тој што озборувал, станал озборуван, тој што ве повредил во љубовта, бил повреден, бидејќи во животот се се враќа, се се плаќа, кога тогаш, но секогаш.
Затоа доволно е да останете храбри кога ви е тешко, бидејќи со верба и молитва ќе олесне.
Нека храброста од денес биде ваша религија, а запомнете дека религијата секогаш се почитува!