Со тебе би биле добри, но со него сме најдобри!

Замина, јас останав, сега ти ќе останеш, но јас ќе заминам.

so-tebe-bi-bile-dobri-no-so-nego-sme-najdobri-1.jpg

Ќе останеш во место ќе стоиш, а јас ќе бегам со крупни чекори од тебе, не свртувајќи се назад.

Ќе останеш, но мене ќе ме нема, никогаш повеќе нема да ме има.

Ќе се изгубам од овој крај, засекогаш, никогаш повеќе нема да ме видиш, знаеш дека ќе успеам, знаеш дека ќе слушаш за мене, но ќе ме нема, нема да можеш да ме дофатиш.

Можеби ќе си речеш дека сето ова ти го кажувам бидејќи се уште те сакам, но жалам, тоа не е вистинската причина.

Се што правам е бидејќи не те сакам повеќе и сакам да го знаеш тоа, можеби ми ги отвори очите, но срцето исто така ми го отвори, ми го распара, ама сепак најдов некој што го шие полека полека и го држи во раце како што никогаш не го држеше ти.

Ќе останеш, но јас ќе заминам, ќе те одминам, жалам.

Би биле добри, но да не го запознаев него. Со него не сме само добри, туку сме најдобри!

Ќе останеш, но јас ќе заминам, ќе останеш засекогаш бидејќи ги познавам таквите како тебе, зборуваат, но ништо не покажуваат, таков беше и во љубовта.

Куче што лае не каса, но ти ме касна за срце, ми пренесе беснило од кое полека заздравувам.

Затоа заминувам, а ти остани, бидејќи знаеш ти, знам и јас, дека нашето беше, но не требаше да биде.

Би можело да ве интересира:

Кога сакам да не се нервирам, си велам „Ало, не е на татко ти“ Кога ќе видам како некој корне цвеќе од жардиниерата кај мостот „Гоце Делчев“ ил...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
„Порака до швалерката на мојот маж: Не ни сонував дека еден ден ќе ти бидам благодарна“ „Неговото неверство ме повреди на начин на кој не можев ни да замислам, но ме ск...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
„Отворено писмо до мојот татко кој никогаш не беше тука за мене“ „Никогаш нема да можеш да ми ги вратиш оние години што ги пропушти. Никогаш нема...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg