Имам 39 години и им се обраќам на сите жени: Зошто сум сигурна дека сум убава, баш како и ти?

Една мајка, колумнистка и силна жена на 39 години ја открива суштината на убавината по која сите жени тежнеат. Нејзината приказна е следнава:

imam-39-godini-i-im-se-obrakam-na-site-zeni-zosto-sum-sigurna-deka-sum-ubava-01.jpg

„Ќе ти откријам една голема тајна: Денес си толку убава!

Ми беа потребни 39 години за да го сфатам тоа, и сега конечно кога сум свесна, морав да го споделам ова со вас.

Еве како дојдов до овој заклучок:

Додека се подготвувам да зачекорам во 40-та година од животот, би сакала да полнам 30. Со полни 30 имав 10 килограми помалку од сега. Немав брчки на лицето, подбрадок, ниту на Google пребарував зборови како ботокс. Купував облека во одделот за тинејџерки.

Кога имав 30 бев прекрасна, а не го знаев тоа.

Бев фокусирана на оние негативни работи - 5-те килограми кои ми пречеа, градите кои по доењето се опуштаа и стомачето кое остана по бременоста.

Сакав повторно да имам 20 години.

Кога имав 20 години без 10 килограми послаба, со стегнати стомачни и бутови, градите ми беа полни и цврсти и не ни помислував дека на задникот ќе имам дупчиња. Задоволно носев бикини.

Кога имав 20 бев прекрасна, а не го знаев тоа.

Бев фокусирана само на оние негативни работи - се споредував со девојките кои беа послаби и поубави од мене, со оние кои имаа поубава кожа и природна права коса. Сакав да бидам како нив.

Сега кога сум на прагот на 40-та, ги гледам фотографиите од 30-те години и гледам една прекрасна жена. Кога ги гледам фотографиите од 20-те, гледам една прекрасна девојка.

Сега знам дека кога ќе имам и 50 години, ќе ги гледам сликите од 40-те години со воодушевување. И тогаш ќе видам една прекрасна жена.

Што значи тоа?

Значи дека денес сум убава. Баш како и ти!

Би можело да ве интересира:

Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
Тијана Дапчевиќ за CRNOBELO лексикон: „Му скршив заб на девојче во петто одделение“ „Kога сум била во градинка, на 4-5 години, сум зела вазна со вода, сум се полила...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Пејачот Даниел Данн за CRNOBELO лексикон: „Еден ден би сакал да имам ранч со животни“ „Првата симпатија ми беше уште од училишните клупи и се немаме видено многу одам...
Стефан Лазаров за CRNOBELO лексикон: „Ми ja дупнаа главата со стап како дете“ Се сеќавате ли на лексиконите што ги пополнувавме во училиште, но криевме кој ни...
Добрата жена тешко се наоѓа, а лесно се губи - Мора да знаете како да ја сакате Кога жената ќе почувствува дека не ја почитуваат како што заслужува, таа заминув...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg