Мудра приказна: Која е најубавата жена во светот?
Една група мажи разговарале за тоа како изгледа најубавата жена во светот. Еден сакал црни девојки со провокативен поглед, друг сакал девојки со небесно сини очи, трет сакал девојка со кафени очи, топли и насмеани.
На некои мажи повеќе им се допаѓаале девојки со кратка, на други со долга коса, едни се воодушевувале од високи и самоуверени девојки, други од понежни и посрамежливи девојки.
Секој од нив имал своја замисла за најубавата жена во светот. Затоа, решиле да прашаат еден мудар старец и да го слушнат неговото мислење:
„Кажи ни мудар човеку, која жена е најубава во светот?“
Старецот долго гледал во планинските врвови на хоризонтот, повремено насмевнувајќи се на прашањето кое му го поставиле мажите.
Одговорот кој им го дал, ги обединил и смирил сите, без разлика на кого какви девојки му се допаѓаат.
Старецот им кажал само една реченица: „Најубава жена во светот е онаа која ја сакаш“.