Приказна: Секој од нас има четири жени...

Си бил еден богат трговец кој имал 4 жени. Најмногу ја сакал четвртата. Ја опсипувал со богати подароци, се грижел за неа дарувајќи и материјално богатство.

prikazna-sekoj-od-nas-ima-cetiri-zeni-01.jpg

Исто така ја сакал и својата трета жена. Бил горд на неа и секогаш ја покажувал пред пријателите. Но, постојано имал некој страв дека таа ќе го напушти и ќе отиде со некој далеку од него.

Ја сакал и својата втора жена која била посебно внимателна и грижлива кон него. Всушност, нејзе најмногу и се исповедал. Кога и да имал проблем, и приоѓал на втората жена и барал решенија. Таа го водела низ тешките времиња.

Но, трговецот имал и прва жена која му била верна и му помагала со години да го стекне богатството. Се грижела за домаќинството и семејството. Меѓутоа, трговецот не ја сакал и едвај ја забележувал.

Еден ден тој се разболел. Знаел дека наскоро ќе умре. Размислувал за своето богатство и животот полн со удобности, па си рекол: „Имам 4 жени. Но, кога ќе умрам ќе останам сам.“

Одлучил да разговара со сите нив, па прво ја прашал својата четврта жена дали таа би се жртвувала за него:

„Те сакам најмногу од сите. Ти ги давав најдобрите работи и се грижев за тебе. Сега умирам и би сакал да ме следиш низ мојата смрт.“

„Не доаѓа во предвид,“ му одговорила и го напуштила без да каже ниту еден единствен збор.

Нејзиниот одговор го прободел како нож. Но, решил да се обиде и кај третата жена.

„Те сакав и секогаш ти бев добро друштво. Сега кога умирам, сакаш ли ти да ме пратиш низ моите последни денови?“

„Не,“ му одговорила. „Животот е премногу добар овде и штом ти умреш повторно ќе се омажам за некој друг.“

Се обидел и кај втората жена.

„Секогаш те прашував за совет и ти ми помагаше. Сега повторно ми треба твоја помош. Кога ќе умирам, ќе бидеш ли со мене?“

„За жал, не можам веќе да ти помагам. Во најдобар случај, можам да те испратам до гробот.“

Сите одговори го срушиле и разочарале.

Тогаш слушнал еден нежен глас. „Јас ќе дојдам со тебе. Ќе те следам каде и да одиш.“

Трговецот ја подигнал главата и ја здогледал својата прва жена. Била сирота, ненајадена, слаба.

Со тага во грлото, свесен дека е предоцна, само и рекол: „Требаше подобро да се грижам за тебе. Единствено ти не ме напушти.“

Во суштина, сите ние имаме четири жени...

Четвртата жена е нашето тело. Без оглед на тоа колку сме се грижеле за неа, ќе не напушти кога ќе умреме.

Нашата трета жена е нашето богатство и она што го имаме во материјалниот свет. Кога умираме, се оди кај други.

Втората жена е нашето семејство и пријателите. Без оглед колку сме блиски со нив, во најдобар случај можат да не испратат само до гробот.

Првата жена е нашата душа. Иако е често занемарена од сите останати, единствено таа ќе не следи во секој нареден живот.

Би можело да ве интересира:

Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
„Порака до швалерката на мојот маж: Не ни сонував дека еден ден ќе ти бидам благодарна“ „Неговото неверство ме повреди на начин на кој не можев ни да замислам, но ме ск...
„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
10 причини зошто добрите жени поминуваат најлошо во животот Добрата жена не знае да каже 'НЕ'. Добрата жена ќе подголтне и нема да се кара. ...
Добрата жена тешко се наоѓа, а лесно се губи - Мора да знаете како да ја сакате Кога жената ќе почувствува дека не ја почитуваат како што заслужува, таа заминув...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg