Таму некаде...

Сфатив дека се имам себеси, засекогаш и никогаш нема да се напуштам. Звучи нарцистички, но не е така. Сакав да доловам чувство кое ме прави посигурна, посамоуверена и најважно од се препуштена сама на себе.

tamu-nekade-1

Нема никој околу мене, покрај мене, до мене, зад мене се сите, но, вака е повозбудливо.

Постои простор за нови лица, нови размислувања, нови маани, нови недостатоци кои се прикриени, а јас треба да ги откријам, нови души кои се изгубени, а јас треба да ги пронајдам.

Да, сама сум, без разлика колку ќе погрешам, каков грев ќе направам и како ќе се чувствувам секоја вечер кога ќе ја ставам главата на перница, јас пак ќе се сакам.

Бидејќи никој нема да гледа на мене како што гледам јас самата, никој нема да ме сака како што се сакам јас.

Претходно сум размислувала за прзниот простор кој се појавува во мојата душа, одвреме-навреме, како досадна мува која не можам да ја избркам.

Сакав да ги исплакнам моите гревови со солзи, надевајќи се дека таму некаде ќе ми биде простено за сè, но сфатив.

Подобро речено, сфаќам дека додека овде на земјата истите не ги измијам со покајание и љубов, таму некаде ќе биде полошо.

Тие ќе бидат обвиени во пламени јазици кои ќе ми ја горат душата постојано, сè додека таа не стане пепел.

На моите страдања ќе им нема крај, а знаете ли зошто? Затоа што таму некаде се наоѓа вечноста, а на вечноста кој знае каде ѝ е крајот…

Не се чувствувајте депресивно, глупаво, грешно, изгубено.

Пронајдете се себеси запознавајќи ја својата душа и сакајте се такви какви што сте.

Само така тие крадци на позитивната енергија ќе ве напуштат и ќе заминат кај некој друг, а вие ќе бидете кралови на вашата позитивна енергија која никој нема да може да ви ја украде повторно, доколу самите не одлучите да ја споделите по своја волја.

Само така ќе уживате во вечноста, таму некаде…

Би можело да ве интересира:

„Отворено писмо до мојот татко кој никогаш не беше тука за мене“ „Никогаш нема да можеш да ми ги вратиш оние години што ги пропушти. Никогаш нема...
„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
Седев сама на гинеколошка онкологија во Скопје и ми се плачеше „Тргнав утрово на скопската клиника, а нозете ми се враќаа назад. Не сакав никој...
Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg