Ретро детство: Се сеќавате на „Умни глави“?
Едно време на телевизија немаше само турски и шпански серии, туку и многу поучни македонски детски емисии. Некогаш едвај се чекаше 19 часот за да ги гледаме омилените ликови од „Умни глави“.
Мали деца кои глумеа возрасни, а кажуваа толку умни работи и нè учеа како правилно да зборуваме, да се однесуваме, како не треба да постапуваме и како полесно да ги разбереме родителите.
Секое дете можеше да се препознае себеси или некој од возрасните во нивните ликови. Беа истовремено сериозни и забавни, па сите лекции си ги учевме на интересен начин.
Марија, Кристијан и Филип беа главните актери во улогите на мајката, таткото и детето кои нè водеа низ нивните секојдневни ситуации.
Првата епизода се емитуваше во 1999 година на Македонската телевизија, а во неа главна тема беше дека малиот Даре сака да стане славен кошаркар како Шекил О`Нил, но нема каде да тренира.
Погледнете ги првите 8 епизоди од првата сезона и потсетете се на убавото детство:
1. Шекил
2. Тројка со точка
3. Жабари
4. Невена
5. Крстозбор
6. Маца
7. Домашна презентација
8. Матичен лекар