Сè што можевме да имаме...

Го варам кафето и лутам во мојот имагиниран свет, повторно останува во шолјата, немо гледа во мене, прашувајќи се зошто секогаш го оставам да се излади пред да го испијам.

se-sto-mozevme-da-imame-1.jpg

Би му одговорила доколку ме разбира, дека така е повкусно, поладно, го снижува мојот притисок кој потоа ми предизвикува блага вртоглавица, на начинот на кој што тој го правеше истото во минатото.

Но, заедно со кафето оладувам и јас, велат немој никогаш да оставиш кафе и жена да се оладат, ти ме олади мене, јас го ладам кафето, така оди тоа.

Знаеш ли што е тоа сè што можевме да имаме, а немаме?

Можевме да бидеме среќни, јас лежејќи ти во прегратки, ти галејќи ја мојата коса.

Можевме да се бакнуваме, до крајот на вечноста или барем вечерта.

Можевме да се прегрнуваме, силно и лабаво истовремено, до крајот на времето или барем нашето време.

Можевме да  водиме љубов, до крајот на нашите граници или над нив.

Можевме да го урнеме светот, но успеавме да го урнеме само нашиот свет.

Се урна да, се распадна како кула oд карти која толку долго си се мачел да ја градиш, со внимателност, претпазливост, прецизност, љубов, желба, целта ти беше врвот одговорен за нејзиното рушење.

Кога го достигнавме врвот, знаеш, ти беше слеп, не можеше да уживаш во погледот кој ти го нудеше тој, таа панорама на љубовта и заедничното постигнување за кое никогаш нема ниту да дознаеш.

Гледав сама, се завртував кон тебе, гледајќи ја твојата зачуденост, се прашуваше, што ли гледав?

Те гледав тебе, се барав себеси во твоите очи, но не најдов ништо. Те замислував постојано како уживаш во плодовите на љубовта заедно со мене, но ти никогаш не знаеше да уживаш, секогаш нешто фалеше за да не биде целосно, во твојата глава.

Сè што можевме да имаме...

Точно, самите два зборa кога ќе ги споиш ќе сфатиш што се можевме да имаме.

Сешто!

Но, за жал немаме ништо, освен спомени кои полека се ладат како таа шолја кафе во моите раце.

Би можело да ве интересира:

Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
„Отворено писмо до мојот татко кој никогаш не беше тука за мене“ „Никогаш нема да можеш да ми ги вратиш оние години што ги пропушти. Никогаш нема...
„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Мали мудрости на кои може да нè научат само нашите мајки Мајка ми велеше: „Ако веќе разговараш со оние што не те сакаат, тогаш тоа нека б...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg