Кажете „Те сакам” во огледало!

Кажете „Те сакам” денес, но во огледало, посветете си го целото време на овој свет, неограничено е верувајте, бидејќи не постои, а нешто што не постои не можеш да го ограничиш, нели?

kazete-te-sakam-vo-ogledalo-1

Можеш само да ја искористиш таа илузија време за да не се загубиш во моментите за кои мислиш дека брзо го трошат, што не е реалност повторно, моментите може да траат колку што посакувате вие.

Кажете си „Те сакам”, насмевнете се во огледалото, потсетете се на сè што сте постигнале, потсетете се на секој пад во животот, но подобро потсетете се и на секое издигнување над падот…

Ете тоа е таа насмевка која сакав да ја доловам на вашето лице!

Потсетете се дека сте доволно силни да успеете во сè што ќе посакате бидејќи сте уникатни и имате уникатни идеи кои вредат да бидат слушнати, остварени, вредат да се гордеете на нив, ја заслужуваат вашата посветеност!

Вие вредите, повеќе од кој било што ви кажува дека не вредите, штом се преокупира со останатите, значи не е доволно окупиран со себеси, значи не е доволно добар.

Значи не вреди!

Во никој случај подобар од вас!

Кажете си „Те сакам” во огледало, да и бакнете го, слатко, кратко и мистериозно, не е нарцизам, верувајте, тоа е љубов, љубов кон себеси.

Кажете си „Те сакам” денес во огледало, бидејќи никој нема да ви го каже истото со емоција каква што ќе си ја доловите себеси во моментот.

Кажете си „Те сакам” и вистински мислете го тоа, бидејќи само вие може да се сакате себеси повеќе од секој друг, никогаш не заборавајте го тоа!

Би можело да ве интересира:

Јавете им се на родителите, одете кај баба ви и дедо ви – не знаете колку време ви останува со нив Не можам да ви кажам што ќе ви донесе утрешниот ден, но можам да ви го кажам сле...
Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
8 работи кои некогаш беа хит, а денес се застарени Некогаш рецепти баравме во тетратките на баба, денес ги пребаруваме преку интерн...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg