Многу малку, а можеше да биде премногу!

Помина покрај мене, скоцкана, намирисана со мојот омилен парфем. Косата и беше долга баш како што сакав отсекогаш.

Носеше бело фустанче, припиено за нејзините облини кои ги обожавав.

mnogu-malku-a-mozese-da-bide-premnogu-1.jpg

Кога ја видов останав без зборови, ја следев со погледот сè додека не замине, скриен во еден агол од кафулето во кое секогаш седевме заедно.

Си помислив, станала сон на секој маж, мој сон, а некогаш и јас бев нејзин.

Но, таа престана да ги остварува соништата, престана да трча по нив, сега бара јаве, сака да живее, не сака да сонува, сака да биде будна и да го искористи животот до максимум, да оди до крајни граници…

Не сака повеќе да сонува кошмари во кои јас бев нејзиното плашило, оној кој ја замрзнуваше нејзината крв и го запираше нејзиното кревко срце секогаш кога ќе ја прекорев дека не е доволно добра!

Станала повеќе од добра! Па дури и за мене, најдобра, едноставно своја, но никогаш повеќе моја.

Иако носеше крупни, црни очила, знам дека ме забележа. Нејзиниот говор на тело ја издаде, го забави чекорот иако не сакаше, сакаше да потрча, но сеќавањата не и дозволија.

Енергиите повторно се сретнаа и се привлекоа како плус и минус.

Се бореше со нејзиниот чекор и погледот кој самиот се насочуваше кон мене на работ од окото под тие крупни очила кои ја заштитуваа од покажување на стравот и солзите.

Сепак, победи…

Продолжи да чекори, забрзанои забавено во исто време и замина. Погледот се изгуби во илјадници останати покрај нејзиниот, кој можев да го препознаам на километри.

Замина и знам дека никогаш повеќе нема да се врати.

Ќе останат само случајните средби од кои запира срцето, прикриените погледи и забавените чекори.

Ќе остане само желбата, мечтаењето и тие двајца странци кои сега се одминуваат како да не се познаваат.

Ќе остане само тоа многу малку и ништо повеќе, а можеше да биде премногу!

Би можело да ве интересира:

Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
Седев сама на гинеколошка онкологија во Скопје и ми се плачеше „Тргнав утрово на скопската клиника, а нозете ми се враќаа назад. Не сакав никој...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Кога сакам да не се нервирам, си велам „Ало, не е на татко ти“ Кога ќе видам како некој корне цвеќе од жардиниерата кај мостот „Гоце Делчев“ ил...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Пејачот Даниел Данн за CRNOBELO лексикон: „Еден ден би сакал да имам ранч со животни“ „Првата симпатија ми беше уште од училишните клупи и се немаме видено многу одам...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg