4 работи кои денешните деца не можат да ги направат со своите смартфони
Мислите дека Нокиата беше глупава што немаше екран осетлив на допир или затоа што до пред 20тина години сите мобилни беа црно-бели?
Денешниот смартфон некогаш беше научна фантастика, но откако стана реалност, сепак има некои недостатоци.
Овие 4 се токму најголемите, кои денешните деца никогаш нема да ги разберат:
Компонирање мелодии
На Нокиа 3210 и 3310 компонирањето на мелодии беше главна преокупација, која со текот на годините стануваше посебно популарна. Нотите се внесуваа рачно, па паузи, па темпо и уште ред други музички елементи. Телефонот можеше да сочува само неколку такви композиции.
Пораки кои трепкаат
Се сеќавате на новогодишните честитки и пораки кои трепкаа? Денес веќе нема такво нешто. ММС-от е речиси мртов, а ваквите срциња и ѕвезди што трепкаат исто така. Сега сите анимации се заменети со Вибер сликички.
Пишување без да гледаш во тастатура
Според бројките на тастатурата многу лесно ги чувствувавме буквите под прстите и куцавме пораки без гледање, и тоа без грешка! За разлика од тогаш, денешните деца постојано мора гледаат во рамните екрани.
Змија
Легендарната игра која ја замати славата на Тетрисот е добро позната и денес, но не е популарна како некогаш. Порано се зборуваше кој прв ќе успее да издолжи змијата без да ја заплетка, а не кој какво селфи имал.
Уште нешто да додадете?