There are not feed items to display.
  • Check if RSS URL is online
  • Check if RSS contains items


17 животни лекции кои не треба да ги учите на своја кожа

Постојат некои работи кои не можете да ги знаете додека не ги пробате, но повеќето можете да ги научите од туѓите грешки. Понекогаш, така е подобро, побезболно, полесно...

17-zivotni-lekcii-koi-ne-treba-da-gi-ucite-na-svoja-koza-01.jpg

1. Секогаш проголтајте ја горделивоста и кажете „Извини.“ Никогаш не бидете толку горделиви што не можете да се извините, затоа што не вреди.

2. Скапите работи кои не можете материјално да си ги дозволите се ваш најголем непријател. Не, не му додаваат вредност на животот, туку само ве тераат да живеете во страв.

3. Целите не се толку важни колку што мислевте. Понекогаш заборавете на нив и уживајте во она попатното.

4. Најважниот момент е сегашниот, затоа живејте во него. Плановите може да се распрснат, а минатото и онака никогаш нема да се врати.

5. Не влегувајте во долгови. Трошите помалку отколку што заработувате.

6. Не испраќајте интимни пораки и мејлови. Во дигиталниот свет, во секој момент тие може да станат јавни.

7. Не можете да ги мотивирате луѓето. Најдоброто што можете да го направите е да ги инспирирате со своите акции.

8. Ако пливате во јато риби без цел, немојте да мислите дека и другите риби знаат каде одат.

9. Многу работи ќе ви недостасуваат, и тоа е во ред. Никој не може да има сè. Научете да уживате во искуствата, не во предметите.

10. Одморот е многу поважен отколку што мислите.

11. Малку работи во животот се добри како квалитетната книга, добриот пријател и топлата прегратка... А сите 3 се бесплатни.

12. Шетањето решава многу проблеми - вишокот тежина, стресот, недостатокот на кондиција...

13. Ослободете се од очекувањата. Наместо да ги идеализирате - доживувајте ги.

14. Натпреварувањето е ретко продуктивно, споредувањето уште поретко.

15. Вкусот се менува. Никогаш не осудувајте или тврдете дека нема да направите.

16. Не седете премногу. Играјте, одете, трчајте, танцувајте...

17. Изострете ја емпатијата. Пречесто луѓето ги осудуваме заради недостаток на информации.

Би можело да ве интересира:

„Отворено писмо до мојот татко кој никогаш не беше тука за мене“ „Никогаш нема да можеш да ми ги вратиш оние години што ги пропушти. Никогаш нема...
Емотивно писмо до сите што ги загубиле родителите: „Зборувајте за оние што заминале, така тие ќе жив... Во првите денови по загубата, се чини дека солзите никогаш нема да преисушат, а ...
Секој маж може да добие дете, но тоа не го прави „татко“ Биолошкиот родител претпоставува дека ја заслужил љубовта на своите деца само за...
10 причини зошто добрите жени поминуваат најлошо во животот Добрата жена не знае да каже 'НЕ'. Добрата жена ќе подголтне и нема да се кара. ...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Марко Марк за CRNOBELO лексикон: „Сакав да бидам пилот кога ќе пораснам“ „Се збогував и со двајцата крзнени другари пред една година - мојот непрежален з...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg