Најкратката приказна на светот: Има само 6 зборови, а ќе ви го скрши срцето
Додека бил многу млад, Ернест Хемингвеј се нашол во друштво на неколку писатели, па решил да ги предизвика. Тој изјавил дека може да напише комплетна приказна во само 6 зборчиња.
Останатите не му верувале, па одлучиле да се обложат. Сите вложиле по 10 долари и биле речиси убедени дека тоа е невозможно.
Ернест тогаш земал хартиена салвета и на неа запишал 6 зборови.
Не сакал да ги прочита на глас, па салветата ја подал кон човекот до него. Така салветата кружела од рака во рака.
Кога сите ја прочитале содржината, едногласно се сложиле дека 6 зборови се сосема доволни за да се раскаже една емотивна, кратка приказна.
Ова се 6-те внимателно одбрани зборови испишани на салветата:
На продажба. Чевли за бебе. Неносени.