Македонски свадбени обичаи: Буткање врата, гледање низ бурма, кршење погача...
- Невестата треба да ги дарува кумовите, старосватите, свекорот, свекрвата, деверот или золвата и некои од сватовите со подароци.
- Младоженецот треба да испие чаша црвено вино во куќата на невестата, а на дното на чашата треба да има златник кој младоженецот го задржува како симбол за благосостојба.
- Над главата на младите се крши погача за среќа.
- Сите седнуваат на трпеза да наздрават, па со ора и песни ја пречекуваат невестата надвор додека ја изнесува нејзиниот татко.
- За лесно да им „оди“ во бракот, на излезот, невестата треба да шутне стаклена чаша со вода.
- Кога одат во црква, покрај пеењето и венчавањето на попот, кумот носи платно кое им го врзува околу рацете и колку пати ќе го врзе - толку деца ќе имаат.
- Кога излегуваат од црквата свекрвата фрла по патот ориз, бонбони и парички кои треба да ги собираат мали дечиња, како симбол за богатство и благосостојба.
- Во матично по склучувањето на бракот сите присутни им честитаат на младоженците, поздравувајќи се и им даваат пари, а на излезот се почестуваат со бонбонче.
- Во ресторанот, младенците ги пречекуваат гостите, па го играат првиот свадбен валцер на нивната омилена песна.
- Заедно со кумовите и старосватите наздравуваат со шампањско.
- Потоа почнуваат сите ора кои траат сè до послужувањето на вечерата.
- По вечерата се сече невестинската торта и се делат невестинските бонбончиња. Ред за торта треба да чекаат сите немажени и неженети.
- На крај невестата го фрла бидермаерот, оној кој ќе го фати се верува дека следен ќе прави свадба.
Обичаите кои ги знаете споделете ги во коментарите и помогнете ни да ја дополниме листата на македонски традиционални обичаи...