Приказна која само за 1 минута ќе ви го промени животот
Во една болница во иста соба биле сместени двајца мажи, тешко болни кои лежеле на кревети поставени еден спроти друг.
Едниот од нив секој ден морал да седи на својот кревет поради отстранување на водата од неговите бели дробови. Неговиот кревет бил сместен веднаш до единствениот прозорец во собата. Другиот маж морал постојано да лежи на грб.
За брзо време се запознале и постојано разговарале. Си раскажувале за нивните семејства, домовите, професиите, времето поминато во војска, каде сè патувале...
Покрај тоа, секој ден, мажот кој седел покрај прозорецот му ги опишувал работите што ги гледал надвор на мажот кој лежел во креветот.
Му раскажувал дека надвор има паркче со езеро и лебеди. Како лебедите си пловат во водата, а малите дечиња покрај езерото си играат со нивните бротчиња.
На клупите седат млади парови, прегрнати еден до друг. Големо, прекрасно дрво го разубавува паркот, а во далечините се гледа светлото на градот.
Мажот кој постојано лежел започнал да живее за прекрасните моменти кои неговиот пријател му ги раскажувал.
Кога мажот којшто седел до прозорецот го објаснувал сето ова, неговиот пријател ги затворал очите и си ја замислувал прекрасната глетка.
Еден ден, неговиот пријател му опишал парада која се случува околу езерото. Без оглед на тоа што неговиот пријател не ја слушал музиката, тој ја гледал во својата глава.
Така, поминувале денови и и недели. Едно утро, кога влегла сестрата за секојдневна проверка, го пронашла телото на мажот покрај прозорецот, кој мирно починал во сонот.
Мажот кој постојано лежел ја замолил сестрата да го однесе до прозорецот, иако бил мошне слаб.
Сестрата му ја исполнила желбата и го оставила сам. Со големи напори се подигнал на неговите лакти за првпат, по долго време, да го погледне надворешниот свет.
Конечно имал можност сам да ужива во надворешните убавини кои дотогаш му ги опишувал пријателот.
Но, кога погледнал низ прозорецот, единствено што можел да види бил празен ѕид. Се зачудил, па ја запрашал сестрата зошто неговиот пријател толку убаво го опишувал светот, кога таму има само празен ѕид.
Сестрата му открила дека неговиот пријател бил слеп и дека не можел да го види ниту ѕидот кој стоел пред прозорецот, но светот во неговите мисли бил многу поубав. На тоа додала:
- Но, можеби сакал Вас да ве направи посреќен и да ви го разубави денот?
Понекогаш вистинската среќа е онаа која сами си ја создаваме во главата или кога ќе направиме некој друг посреќен.