Запомнете: Не мора да бидете совршени
Никој не е совршен, па ни вие. Ако секогаш се трудите да бидете совршени мора да знаете дека тешко ќе ја достигнете целта. Научете да го прифатите она што го имате и да се прифатите себе. Само на тој начин ќе го намалите стресот и ќе постигнете одредена хармонија во животот.
Постојат неколку правила кои треба да ги сфатите и на кои треба да се потсетувате:
1. Задоволете се со доволно добро, бидејќи не мора секогаш да биде совршено. Понекогаш тежнеењето кон совршенство може да биде пречка за да направите нешто и доволно добро.
2. Ако секогаш сакате започнатото да го завршите онака како што вие сте замислиле, често ќе ви се случува да не завршите на време. Ако сте перфекционисти поставете си рок во кој некои работи мора да ги направите, па нема да имате време да навлегувате во најситните детали.
3. Ако за сè во животот сакате да достигнете совршенство никогаш нема да бидете задоволни со моменталната ситуација во која се наоѓате и ќе имате преголеми очекувања.
4. Самите на себе мора да си признаете дека и вие сте само обичен човек како и сите луѓе во светот.
5. Никогаш немојте да се споредувате со другите луѓе, бидејќи често се случува луѓето да се претставуваат во поинакво светло од она што навистина се.
6. Кога сакате да направите нешто, направете го само ако вие мислите дека сте во право и дека тоа го правите правилно. Никогаш не ги слушајте другите, бидејќи тие секогаш ќе бараат нешто поинаку и повеќе од вас.