Работи кои ги научив додека студирав
Периодот поминат на факултет не може да се спореди со ниту еден друг период од нашиот живот.
Прекрасни спомени, многу испиени кафиња, пропуштени предавања, учење до доцна, крајни рокови, но кога сето тоа ќе се заврши сфаќаме колку навистина ни недостига и посакуваме да почнеме одново.
Додека сме на факултет ние созреваме на многу полиња од животот, па овие работи сигурно ќе им бидат од корист на идните бруцоши:
1. Тенка е линијата помеѓу стилското и досадното. Бидете сигурни дека не сте на погрешната страна.
2. Понекогаш навистина не можам да им верувам на луѓето кои никогаш не пробале алкохол.
3. Понекогаш најдобриот одговор е кога воопшто не даваш одговор.
4. Понекогаш единствениот изговор кој ќе ви падне на ум е реченицата: „Вчера испив премногу алкохол”. Употребувајте ја мудро и совесно.
5. Косата ќе порасне. Време е за драстични промени, пробајте сѐ што сакате.
6. Факултетот е она место на кое можеби ќе си ги пронајдете идните кум/а или старосват/ица.
7. Чекањето ред на студентски прашања ти дава можност и време за размислување за идните цели и животни планови.
8. Секогаш ќе згрешите некоја пријава или уплатница. Тоа е вид грешка од која навистина не можете да научите нешто значајно.
9. Нема да имате премногу време за љубовни состаноци, но голема е можноста да ја пронајдете љубовта на својот живот.
10. Википедија е одличен извор на информации.
11. Буквално секогаш ќе имате време за првото утринско кафе, макар и да доцните на предавање.
12. Семинарската секогаш се завршува последниот ден, но тоа ме научи да функционирам одлично со крајни рокови.
Кои работи вие ги научивте за време на факултетските денови?