10 животни лекции кои ги научив од мојот татко

Секојдневно слушаме совети од родителите и некои од нив успеваме да ги запаметиме, на некои се спротивставуваме и лутиме, а на некои ни текнува многу доцна. Сепак тие се оние кои ни мислат најдобро и ни го кажуваат најдоброто од она што ги научило искуството.

10-zivotni-lekcii-od-eden-tatko-01

Но, тоа е само нивната перспектива на нештата, можеби не треба секогаш да се послушаат, но добро е да ги запаметиме животните лекции кои може многу да ни помогнат во даден момент или ситуација во која ќе бараме решение.

Ова се советите на еден татко за неговата ќерка, која таа ги запомнила и зачувала за да ѝ послужат во одреден момент. Сепак, може да бидат лекции кои сите татковци би сакале да им ги кажат на своите деца, бидејќи се точни, безвремени и вредни за да се послушаат.

1. Сакај го она што го правиш и прави го тоа што го сакаш

- Не заборавај дека повеќето родители ја работат и прекувремено работата што ја мразат и сепак наоѓаат време за децата. Не барај оправдувања за да не работиш и не пропуштај ниедна шанса за да го работиш тоа што го сакаш колку и да е сè против тебе

2. Можеби нема секогаш да се сложуваш со сите, но почитувај ги

- Одбрани ги своите ставови, но никогаш не се спуштај на ниво подолу за да влезеш во конфликт и да докажуваш нешто. Држи се до своето, но почитувај го туѓото.

3. Не вели „Збогум“, туку „До видување“

- „Збогум“ се вели на оние кои нема да ги видиш подолго време, но не и на оние со кои се гледаш секојдневно. Многу подобро ќе се чувствуваш ако не се збогуваш со оние што ги сакаш, туку со „До видување“ веќе се насетува следната средба.

4. Заборави на сè што зборуваат другите. Ако можеш да се погледнеш во огледало секој ден и сè уште да бидеш горд на себе, тоа е најважно.

- Никогаш не се откажувај од луѓето и работите што ги сакаш, иако на другите не им се допаѓаат. Ако нешто те прави среќен, тогаш воопшто не е важно што мислат другите за тоа, што ти зборуваат и колку се обидуваат да те премислат. Важно е да бидеш среќен.

5. Кажи го тоа што го чувствуваш, во моментот кога го чувствуваш

- Ништо не боли повеќе од прашањето „Што ако...?“. Дури и за помалку важни, секојдневни постапки може да се прашаме што би било кога би постапиле поинаку. Затоа, најдобро е да го кажеме или направиме она што го чувствуваме во моментот кога се случува. Не плаши се. Во оној миг кога дозволуваш твоите стравови да ги проголтаат твоите соништа е мигот кога престануваш да растеш и престануваш да се претвораш во најсреќната верзија од себеси.“

10-zivotni-lekcii-od-eden-tatko-1

6. Биди благодарен за она што го имаш

- Секогаш ќе има некој што ќе има нешто подобро, поново, поубаво, поскапо од тебе. Но, никогаш не заборавај да бидеш благодарен за она што ти го имаш, макар да се тоа и секојдневни обични работи како некој што можеш да го прегнеш, нешто што ќе те насмее, утринско кафе, свежо овошје, мала роденденска прослава, елка со неколку лампиони. Не заборавај дека некој го нема ниту тоа и ти си вистински среќник за него.

7. Почитувај ги сите

- Без разлика на пол, раса, боја, националност или општествен статус, сите заслужуваат човечка почит, добар збор, пофалба и награда за сработеното.

8. Секоја грешка претвори ја во лекција

- Сите прават грешки, дури и најумните. Но, никогаш не заборавај да ја дознаеш лекцијата и поуката од секоја грешка. Можеби многу ќе ти советуваат да не направиш некоја постапка, но животот е твој и дозволено ти е да згрешиш, но и да научиш совет кој подоцна ќе го примениш.

9. Никогаш не заборавај од каде доаѓаш

- Колку и да ти се промени животот, каде и да заминеш, никогаш не заборавај од каде си тргнал и кој те израснал за прераснеш во она што си. Не ги заборавај луѓето кои отсекогаш те сакале и ти помагале, ниту куќата која те израснала, ниту местото во кое си живеел. Тие се основите од кои си почнал за да станеш она што си денес.

10-zivotni-lekcii-od-eden-tatko-2

10. Биди со некој што те почитува како што те почитувам јас

- Скапите подароци и луксузни вечери се добри, но не вредат ништо ако некој не те познава доволно за да знае кога ти треба прегратка, добар збор или омиленото чоколадо. Биди со некој кој знае да те почитува и кој ти кажува „Те сакам“ и без да ја отвори устата.

Би можело да ве интересира:

„Отворено писмо до мојот татко кој никогаш не беше тука за мене“ „Никогаш нема да можеш да ми ги вратиш оние години што ги пропушти. Никогаш нема...
„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
Mи недостига снегот во декември, мавањето со снежни топки на големите одмори и празничната еуфорија ... Се сеќавам дека од тезгите на градскиот плоштад купувавме честитки. Оние од по 3...
За бабите што чуваат внуци, еден медал ќе ве молам! Ако вашето дете има баба која го сака подеднакво силно како и вие, тогаш вие сте...
Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg