Правила по кои вреди да живеете
Сè уште сте во потрага на суштината на животот? Ова се најлесните начини како да ја пронајдете и да уживате во неа!
1. Никогаш не ги споредувајте своите слабости со силните страни на другите.
2. Бидете сопственици на својот живот, затоа што инаку некој друг ќе ја зграпчи таа шанса.
3. Не можете да ги промените картите кои сте ги добиле во животот, но можете да влијаете на начинот на кој ќе играте со нив.
4. Не се искачувајте на врвот од планината за да ве види целиот свет, туку за вие подобро да го видите!
5. Прифатете ги сопствените ограничувања, само така ќе ги преживеете.
6. Удобноста и сигурноста се вечен непријател помеѓу вас и вашите успеси.
7. Ако ништо не ризикувате, запомнете дека го правите најризичниот чекор.
8. Ако не правите глупави нешта додека сте млади, нема да имате на што да се сеќавате кога ќе остарете.
9. Личноста со која ќе го минете цел живот сте самите вие, па добро би било да се претворите во најзабавната личност која некогаш сте ја запознале.