Топ 20 песни кои ги одбележаа ‘90тите (видео)
10. Seal - Kiss From A Rose
Хитот кој беше дел од Бетмен се искачи на врвот во 1995 година, а само една година подоцна беше наградена со Греми за најдобра песна, музичка изведба и албумот на Seal беше прогласен за албум на годината.
9. Santana Feat.Rob Thomas - Smooth
Три Греми награди - албум, песна и соработка на годината. Песната првобитно беше насловена Room 17, по што Роб Томас променил неколку делови и ја преименуваше во Smooth.
8. U2 - One
Издадена е во 1991 година како трет сингл на еден од најпродаваните албуми, а воедно и важи за единствената песна која ја спаси групата од катастрофален распад.
7. AC/DC - Thunderstruck
Кога ќе се спомене австралискиот мегабенд, прва асоцијација засекогаш ќе ви остане овој хит. Издаден во 1990 година, службено е прогласен како најдобрата австралиска песна на сите времиња.
6. Red Hot Chili Peppers - Under the Bridge
Чувствувајќи се осамен и размислувајќи за влијанието на хероинот, Антони Киедис ги напишал зборовите кои и донесоа огромен успех на оваа група во 1992 година.
5. The Cranberries - Zombie
Исто како и U2, овој огромен ирски бенд беше спасен од распад со овој хит. Песната е со агресивен текст и настаната е во чест на двајца млади кои загинаа во несреќни воени околности.
4. No Doubt - Don't Speak
Гвен Стефани да не ја прекинеше врската со тогашното момче, со кое беше 7 години, веројатно немаше да го постигне светскиот успех кој го имаше во 1996 година. Беше номинирана за Греми и се наоѓа во листата на топ 500 песни кои морате да ги слушнете барем еднаш во текот на животот.
3. Nirvana - Smells Like Teen Spirit
Многумина ја сметаат за најуспешната рок песна на сите времиња и дефинитивно е најголемото достигнување за Нирвана.
2. R.E.M. - Losing My Religion
Својот успех делумно го должи и на одлично изработениот видео запис, кој е награден со многубројни статуи, но во секој случај ова музичко ремек дело остана запаметено и по својата мелодија и текст.
1. Metallica - Nothing Else Matters
Моќната рок балада на Металика ја напишал Џејмс Хетфилд додека бил на телефон со својата тогашна девојка оддалечена илјадници километри. Оваа балада до сега е преработена над 40 пати со што само уште еднаш го докажува планетарниот успех.