Славни цитати кои ќе ви го разубават денот
Среќата зависи од нас самите – запоменете го ова, за среќа е потребно многу малку.
Понекогаш е тешко да се пронајде сила и да се извлечеме од лошото расположение, но тоа станува полесно кога ќе сфатиме дека чувството на среќа е наша лична одлука.
Колку и да е тешка ситуацијата, најважно е да сфатиме дека самите одлучуваме какво ќе ни биде расположението.
Ги издвојуваме познатите цитати за среќа кои би можеле да не наведат да размислиме за сопствениот поглед на живот.
Аристотел
- Среќета зависи од нас самите.
Абрахам Линколн
- Личноста ќе биде среќна тогаш кога ќе одлучи да биде среќна.
Махатма Ганди
- Среќа е кога она што го зборуваш, мислиш и работиш се во хармонија.
Жак Превер
- Дури и кога среќата на кратко ќе те заборави, немој потполно да се откажеш од неа.
Маргарет Бонано
- Единствено на дневна база е можно да се постигне вечна среќа.
Марк Аурелиус
- Запомнете го ова, за среќа е потребно многу малку.
Ана Хауард Шоу
- Секое утро се будам со голема желба да живеам среќно.
Дејли Карнеги
- Запоменте, среќата не зависи од тоа кој сте или што имате, туку само од она што го мислите.