Список со најважните животни правила

Создадете го својот список на најважни нешта во животот, доколку сакате да ја откриете неговата суштина и запомнете дека секоја одлука е судбоносна.

najvaznite-zivotni-pravila-01

- Уживајте секој ден во него и следете ги најважните правила...

- Бидете храбри. Или барем преправајте се. Никој нема да ја забележи разликата.

- Не дозволувајте телефонските повици да ги прекинат прекрасните моменти. Телефонот постои за да ви биде на услуга, а не да ве попречува во уживањето.

- Не се притискајте и кажете го она што го мислите, и покрај тоа што се коси со сечие размислување. Тука се крие задоволството.

- Не палете ги мостовите кои некогаш сте ги граделе. Ќе бидете изненадени колку пати ќе мора да преминете преку една иста река.

- Не заборавајте, најголемата емоционална потреба е личноста да се чувствува ценето. Не се задоволувајте со мали работи.

- Никогаш не кажувајте дека немате време. Имате исто толку часа во денот колку што имале и Микеланџело, Мајка Тереза, Леонардо да Винчи и Алберт Ајнштајн.

najvaznite-zivotni-pravila-1

- Не бидете преплашени. Научете да кажете НЕ за нешто што не ви се допаѓа.

- Мудро употребувајте го времето и зборовите. Ниту едно од нив нема да може да вратите.

- Не губете време поправајќи ги грешките. Учете од нив, но продолжете напред.

- Јасно дефинирајте ги вашите приоритети. Никој на својата смртна постела не жалел затоа што не поминал уште неколку часа плус на работното место.

- Давајте им на луѓето втора шанса, но не и трета.

- Научете се да слушате. Понекогаш идеалните шанси многу тивко чукаат на вратата на успехот.

- Опуштете се. Освен во ретки ситуации на живот или смрт, ништо не е важно и итно како што ви изгледа.

najvaznite-zivotni-pravila-2

- Не го сечете она што може да се отплетка.

- Никогаш не ги менувајте другите, но и никогаш не ја потценувајте својата моќ за менување на нештата.

- Барајте шанса, но не и сигурност.

- Успех е кога ќе го добиете она што го посакувате. Среќа е кога ви се допаѓа она што сте го добиле. Не ги мешајте!

- Кога се соочувате со нешто навистина тешко, однесувајте се како да е невозможно да не успеете.

Би можело да ве интересира:

Mи недостига снегот во декември, мавањето со снежни топки на големите одмори и празничната еуфорија ... Се сеќавам дека од тезгите на градскиот плоштад купувавме честитки. Оние од по 3...
Јавете им се на родителите, одете кај баба ви и дедо ви – не знаете колку време ви останува со нив Не можам да ви кажам што ќе ви донесе утрешниот ден, но можам да ви го кажам сле...
„Отворено писмо до мојот татко кој никогаш не беше тука за мене“ „Никогаш нема да можеш да ми ги вратиш оние години што ги пропушти. Никогаш нема...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
10 причини зошто добрите жени поминуваат најлошо во животот Добрата жена не знае да каже 'НЕ'. Добрата жена ќе подголтне и нема да се кара. ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg