Последен совет од мајката: Формула за среќен живот
Мајката на четири деца, која водела тешка битка со рак, непосредно пред смртта напишала 20 инструкции за среќен живот. Анамари Џејмс Томас била жена полна со несовладлив дух и позитивен однос кон животот и покрај тоа што живеела нешто повеќе од 40 години.
Во писмото кое било наменето за опростување од своите најблиски, таа им ги пренела 20те најважни совети за среќа...
1. Сè што ќе направиш, некогаш ќе ти се врати, без исклучок.
2. Сам ја пишуваш својата судбина. Не дозволувај други да го прават тоа наместо тебе.
3. Сè што некој ти направил во минатото нема никаква моќ над тебе, освен ако ти не го дозволиш тоа.
4. Кога луѓето ќе ти покажат кои се навистина, верувај во тоа.
5. Грижите се непотребно губење на енергија. Подобро е да ја искористиш за да го поправиш тоа за што си загрижен.
6. Во она што веруваш е помоќно од она што го сонуваш и посакуваш. Секогаш ќе станеш она во што си верувал.
7. Ако единствена молитва која некогаш ја изговараш е најобичното “Благодарам”, и тоа е доволно.
8. Среќата која ја чувствуваш директно е пропорционална со љубовта која ја делиш.
9. Својот неуспех искористи го за наредниот пат да тргнеш во вистински правец.
10. Ако направиш избор кој е во спротивност со она што сите мислеле дека е исправно, светот нема да се распадне заради тоа.
11. Верувај им на своите инстинкти. Интуицијата никогаш не лаже.
12. Сакај се себеси и научи својата љубов да ја насочуваш и кон другите.
13. Во работата нека те води страста.
14. Љубовта не боли. Напротив, чувството е одлично.
15. Секој ден е нова шанса да се почне од ново.
16. Сомнежот е причината за твоето “не”. Ако се сомневаш, не брзај, размисли добро.
17. Кога не знаеш што да правиш, само стрпи се и почекај мирно. Одговорот сам ќе излезе на виделина.
18. Ништо лошо не трае вечно.
19. И ова ќе помине.
20. Секогаш биди верен самиот на себе.