Последното збогување

Неодамна, случајно го наслушнав разговорот меѓу една мајка и ќерка, додека ги минуваа нивните последни мигови заедно на аеродромот, иако полетувањето на авионот со кој требаше да си замине ќерката, веќе беше најавено.

poslednoto-zboguvanje-1

Стоеа близу една до друга, на последната рампа каде требаше да се разделат, тие се прегрнаа и тогаш мајката рече: „Ти посакувам доволно.“

Ќерката одговори: „Мамо, нашиот заеднички живот беше и повеќе од доволно. Твојата љубов кон мене, беше се што некогаш ми требаше. Ти посакувам доволно и тебе мамо! Тие се бакнаа и ќерката си замина.“

Мајката застана до прозорецот кој гледаше на пистата каде авионот со кој заминуваше нејзиното девојче, беше спремен да полета. Не можев, а да не забележам дека неколку солзи и се стркалаа по лицето.

Не сакав да и се мешам во интимниот момент, но таа ми пријде и ме праша:

„Дали некогаш сте се збогувале со некој знаејќи дека е за последен пат?“

„Да, сум го сторил тоа“ – одговорив. „И извинете што ќе прашам, но зошто мислите дека ова  е ваша последна разделба?“ – бев љубопитен.

„Јас сум стара и болна, докторот ми рече дека уште малку ми останува, а таа живее многу далеку и има многу обврски. Мислам дека нејзиното следно доаѓање ќе биде за мојот погреб.“ - ми одговори

„Кога се испративте, слушнав дека си рековте нешто како Ти посакувам доволно... Може ли да прашам што значи тоа?“ – се осмелив да ја прашам старата.

Таа се насмевна и рече:

„Тоа си го посакуваме сите ние од семејството, генерации наназад. Моите родители постојано го велеа тоа.“ Потоа направи пауза и погледна нагоре како да се обидува да се сети на некои детали, па продолжи:

„Кога на некого ќе му посакаме доволно, всушност му посакуваме да има живот исполнет со доволно добри работи кои постојано ќе му даваат волја за понатаму, без разлика на тоа што ќе се случи“

Ме погледна значајно и почна да рецитира:

„Ти посакувам доволно сонце, за да го задржиш твојот став светол.“

„Ти посакувам доволно дожд, за да знаеш да му се радуваш на  сонцето“.

„Ти посакувам доволно среќа, за да го задржиш твојот дух ведар.“

„Ти посакувам доволно болка, за да научиш да им се радуваш на малите нешта.“

„Ти посакувам доволно загуба, за да го цениш она и оние кои ги имаш.“

„Ти посакувам нови поздравувања, за да можеш полесно да се помириш со конечните збогувања.“

Потоа почна да плаче и си замина.

Останав уште некое време во чекалната на аеродромот и размислував за она што го кажа оваа жена. Чувствував дека денес бев тука бидејќи требаше да ја сретнам и да ја научам оваа животна лекција од неа.

Велат дека треба само една минута за да запознаеш некоја посебна личност, еден час за да ја почитуваш, ден да ја засакаш и цел живот да ја заборавиш!

Би можело да ве интересира:

„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...
Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Пејачот Даниел Данн за CRNOBELO лексикон: „Еден ден би сакал да имам ранч со животни“ „Првата симпатија ми беше уште од училишните клупи и се немаме видено многу одам...
Среќата за секого е нешто различно - за едни е совршено исчистен дом, за други лице без брчки „Родителите и децата се вртеа во соблекувалната на градинката. Мали принцези со ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg