Приказна: Сплавар vs професор

Си бил еднаш еден сплавар кој ги превезувал луѓето со сплав преку реката. Еден ден дошол и учителот, патем речено многу незгоден човек.

prikazna-splavar-vs-profesor

Кога поминувале преку широката река учителот го запрашал сплаварот:

- Беше ли така, ако било, дека си доживеал невреме додека си го возел сплавот?

- Не разбирам јас толку замрсени прашања, рекол сплаварот.

- Зарем никогаш не си одел во училиште?

- Не, одговорил сплаварот.

- Тогаш половина од својот живот си го потрошил попусто.

На тоа сплаварот премолчел.

За кусо време, наишло големо невреме. Почнале да паѓаат громови и дожд како од чешма, а сплавот се нишал на разбрануваната река како лушпа од орев.

Тогаш сплаварот го запрашал учителот:

- Дали некогаш си учел да пливаш?

- Не, одговорил учителот.

- Е па учителу, тогаш си го потрошил целиот свој живот залудно, ние сега тонеме.

Самите извлечете поука!

Би можело да ве интересира:

Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
Секој маж може да добие дете, но тоа не го прави „татко“ Биолошкиот родител претпоставува дека ја заслужил љубовта на своите деца само за...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
„Отворено писмо до мојот татко кој никогаш не беше тука за мене“ „Никогаш нема да можеш да ми ги вратиш оние години што ги пропушти. Никогаш нема...
Мали мудрости на кои може да нè научат само нашите мајки Мајка ми велеше: „Ако веќе разговараш со оние што не те сакаат, тогаш тоа нека б...
Марко Марк за CRNOBELO лексикон: „Сакав да бидам пилот кога ќе пораснам“ „Се збогував и со двајцата крзнени другари пред една година - мојот непрежален з...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg