Да се биде старлета или не?

Сè уште сум во потрага по совршена дефиниција за старлета (еден од поновите поими кои редовно ги слушаме во последнава година).

da-se-bide-starleta-ili-ne

Што вушност е старлета? Во 90-тите знаевме за спонзоруши – снаодливи женски кои уживаат во животот благодарение на дебелиот новчаник на очајни и наивни мажи. Амбициозно се усовршени во трошење пари и освојување на светот со „оригинални“ брендовски парчиња.

Денес пак, речиси и да не може да се замисли да пуштиш ТВ без да налеташ на некоја старлета. Најчесто овие девојки упорно тврдат дека имаат професија, и сè почесто гордо се фалат со оваа етикета.

Што работат старлетите? Од што живеат? Мораат ли да имаат некаков талент?

За разлика од спонзорушите, за старлетите парите не се значајни ако не се поврзани со популарност или барем медиумска препознатливост. Најчесто доаѓаат во пакет со некое реално шоу кои за жал денес се едни од најгледаните емисии на ТВ. Во потрага по слава, многу девојки својата шанса си ја препознаа токму тука.

Инаку, старлета е збор од италијанско потекло и означува ѕвездичка, уште малку па ѕвезда. На одјавните шпици на холивудските блокбастери оваа етикета се однесува на епизодни, сосема споредни улоги. Убаво тело, витка линија и цели 3 реда текст. Но, на балканските простори изгледа дека старлетите ги играат сите улоги освен споредните. Се појавуваат во секоја шоу емисија, нивните задници најчесто ги гледаме на насловни страници на весници и списанија, а често се шуњаат и околу политичарите.

Ако отвориш Фејсбук за момент може да се заразиш со „старлетизам“ – Од задникот на Сораја, Станија, една надежна наша старлета со мошне паметно интервју неодамна направено во базен, трудната дебела Ким Кардашијан па сè до тазе печените сексуално активни девојчиња во Големиот брат.

Старлета е всушност само стартна позиција за емигрирање во некоја друга професија, најчесто етрадна, модна или евентуално добар брак. Исончани облини, перфектни тенови, секогаш насмеани – тие апсолутно не прават ништо освен што се смешкаат, го вадат задникот надвор по потреба, а најголем проблем во животот им е што да облечат и како да бидат убави.

И додека вие размислувате како да заработите, што да учите, каде да живеете прашањето денес е: да се биде старлета или не?

П. К. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Емотивно писмо до сите што ги загубиле родителите: „Зборувајте за оние што заминале, така тие ќе жив... Во првите денови по загубата, се чини дека солзите никогаш нема да преисушат, а ...
„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
8 работи кои некогаш беа хит, а денес се застарени Некогаш рецепти баравме во тетратките на баба, денес ги пребаруваме преку интерн...
Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
10 причини зошто добрите жени поминуваат најлошо во животот Добрата жена не знае да каже 'НЕ'. Добрата жена ќе подголтне и нема да се кара. ...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg