- Check if RSS URL is online
- Check if RSS contains items
Приказна: Танцувај без размислување...
Била некогаш една стоногалка која танцувала одлично и прекрасно со своите сто нозе. Кога таа танцувала сите шумски животни се собирале и уживале во нејзиниот префинет танц.
Меѓу нив била и една жаба на која баш не и се допаѓало што сите така и се восхитуваат на стоногалката и барала начин како да го промени ова секојдневие. Не се осудила отворено да каже што мисли, туку се решила да и напише писмо.
„Драга стоногалке, јас сум твој верен обожавател и многу би сакала да знам што точно правиш додека танцуваш. Дали прво ја креваш левата нога број 22 па потоа десната со број 59? Или можеби почнуваш да танцуваш со десната нога број 26 пред да ја подигнеш левата број 49? Нетрпеливо го очекувам твојот одговор.“
Кога стоногалката го примила писмото, почнала да размислува за тоа што навистина прави додека танцува, која нога ја крева прва, која следна итн.
После тоа, стоногалката никогаш веќе не танцувала како порано.
Кога фантазијата ќе ја замени разумно размислување, забораваме како се танцува...