26 лекции кои ги научив до 26 години
Подолу споделувам со вас листа на 26 животни лекции што успеав да ги научам до мојава 26та година, со надеж дека ќе направи да се подзамислите.
Понекогаш размислувањето за сопствениот живот и подредување на она што го имаме научено е подеднакво важно како приближувањето кон нова авантура.
1. Да се биде возрасен може да биде забавно доколку знаете одвреме навреме да си дозволите да се однесувате како дете.
2. Љубовта нема никаква врска со изгледот, а има сè со времето, довербата и интересите.
3. Смеењето, плачењето, радоста и бесот ... сите се значајни. Сите тие нè прават човечни.
4. Најголемите вистини во животот се откриваат со едноставно, стабилно сознание и свесност.
5. На крајот алчноста ќе ги уништи и оние најсреќните.
6. Лоши работи им се случуваат и на добри луѓе.
7. Поплочувањето на сопствен пат е паметно само доколку никој нема тргнато по истиот тој пат по кој тргнувате вие.
8. Несигурноста е предизвикана од недостатокот на знаење. Колебањето е резултат на стравот.
9. Времето навистина ги лечи сите рани… без оглед како се чувствувате сега.
10. Најголемиот дел од времето она што го барате е пред вас.
11. Вашето здравје е вашиот живот.
12. Шансата е подарок, зграпчете ја секој пат кога ви е дадена можност.
13. Љубезноста и напорната работа ќе ве однесат многу подалеку од интелегенцијата.
14. Луѓето заслужуваат втора шанса, но никако и трета.
15. Омажете/оженете се за вашиот најдобар пријател (доколку сфатите дека навистина нема личност која ќе ве исполнува како него/неа)
16. Направете безброј фотографии. Еден ден ќе ви биде многу драго за тоа.
17. Парите го прават животот полесен само кога парите се ваши.
18. Невнимателноста е коренот на неуспехот.
19. Вашите сегашни постапки ги градат спомените за кои ќе се сеќавате и зборувате во постарите години.
20. Излегувањето од вашата комфорт-зона ќе ги стави работите во перспектива од агол кој не можете да го дофатите сега.
21. Мотивацијата доаѓа како ненадејна експлозија. Дејствувајте додека е жешка.
22. Намерното игнорирање на очигледното е како движењето наназад кон непријателот .
23. Преземањето на одговорност за неуспехот ја гради основата на успехот.
24. Првите впечатоци се комплетно безвредни барем 50% од времето.
25. Личната гордост трае вечно.
26. Доколку не дејствувате, никогаш нема да знаете за сигурно.
Подготвил А.В.