Немој да се плашиш да испаднеш будала
Немој да се плашиш да испаднеш будала. Запамти, не можеш да бидеш одеднаш и млад и мудар.
Младите кои глумат дека знаат како функционира светот, воглавно се циници. Цинизмот се претвора во брдо мудрости, а е светлосни години далеку од мудроста. Затоа што циниците ништо не учат.
Затоа што цинизмот е самонаметнато слепило, отфрлање на светот и сите околу нас од страв дека некој ќе не повреди и разочара.
Циниците секогаш велат: Не. Зборот „Да“ значи дека работите се придвижуваат. Зборот „Да“ е начин на кој нештата почнуваат да растат. Зборот „Да“ води кон знаење. „Да“ се кажува додека си млад. И затоа, додека те држи снагата, дозволи си да кажеш „Да“ па макар и направил будала од себе.
Стивен Колбрет