Доброто со добро се враќа
Еден ден, Хауард Кели, сиромашно момче кое продавало роба од една на друга врата за да си го плати школувањето, сфатил дека му останало само еден долар, а било многу гладно.
Па одлучило на следната врата што ќе тропне да побара храна, но, се премислил кога на следната врата му отворила некоја млада жена. Па, наместо храна побарал вода, но жената претпоставила дека е гладен и му дала една голема чаша млеко. Тој ја испил бавно и прашал колку е должен, а жената му одговорила „мајка ми ме учеше никогаш да не прифаќаме пари за добрина“ и момчето се заблагодарило од сè срце.
Кога ја напуштил куќата, тој не само што се почувствувал физички посилно, туку му се зацврстила и вербата во Бога, токму во моментот кога сакал да се откаже.
По неколку години жената се разболеа критично. Локалните доктори не знаеле што да прават со неа, па ја испратиле во големиот околен град за да ја прегледаат специјалисти. Еден од нив бил и д-р Хауард кој веднаш го препознал името на гратчето, а кога отишол во собата и ја видел жената која му помогнала, решил дека ќе направи сè што може да ја спаси.
По тешка борба, жената оздравела. Д-р Кели побарал сметката за лекувањето на жената да му ја дадат него. Тој ја погледнал, напишал нешто на неа и ја испратил до нејзината соба. Жената не сакала да ја отвори, бидејќи си велела дека ќе треба да ја плаќа цел живот. На крај ја отворила, а кога ја погледнала вниманието и го привлекла една реченица на врвот од сметката:
„Платено со една чаша млеко“.
Потпис,
Д-р Хауард Кели